|
| 1 |
|
| Послушај го, народе Мој, Мојот закон, приклони ги своите уши кон зборовите на Мојата уста! |
|
| 2 |
|
| Ќе ја отворам својата уста за поука, ќе ги изнесам тајните од древните времиња. |
|
| 3 |
|
| Она што чувме и научивме, што ни раскажуваа татковците, |
|
| 4 |
|
| не ќе го криеме од нивните деца, ќе го предадеме на идното поколение: Господовата слава и Неговата сила, и чудесните дела што ги направи. |
|
| 5 |
|
| Тој постави сведоштво за Јакова, положи Закон во Израел: Тоа што им го заповеда на нашите татковци, тие да му го соопштат на своите деца, |
|
| 6 |
|
| за да знае идното поколение, и синовите што ќе се родат, да им раскажуваат на своите деца, |
|
| 7 |
|
| својата надеж да ја положат на Бога и да не ги забораваат Божјите дела, туку да ги исполнуваат Неговите заповеди, |
|
| 8 |
|
| и да не бидат - како нивните татковци - упорно и непокорно поколение. Поколение непостојано со срцето и со духот неверно на Бога. |
|
| 9 |
|
| Ефремовите синови, воини со лакови, ги свртија плеќите во денот на битката. |
|
| 10 |
|
| Не го додржаа Заветот со Бога и не сакаа да одат според Неговиот Закон. |
|
| 11 |
|
| Ги заборавија Неговите дела, чудата што им ги покажа. |
|
| 12 |
|
| Пред нивните очи правеше знаци во Египет, во Полето Зоан. |
|
| 13 |
|
| Тој го раздвои морето и ги преведе, ги издигна водите како насип. |
|
| 14 |
|
| Дење ги водеше со облакот, а цела ноќ со блескав оган. |
|
| 15 |
|
| Расцепи карпа во пустината и ги напои изобилно како од бездните. |
|
| 16 |
|
| Извади потоци од стената, и направи да протечат води како големи реки. |
|
| 17 |
|
| А тие продолжуваа да грешат, го огорчуваа Сèвишниот во пустината. |
|
| 18 |
|
| Го искушуваа Бога во своите срца, барајќи јадења за својата лакомост. |
|
| 19 |
|
| Зборуваа против Бога и прашаа: „Може ли Бог да стави трпеза во пустината? |
|
| 20 |
|
| Ете, Тој ја удри карпата, и водата потече и потоците се прелеваа: а може ли да даде леб и да му достави месо на Својот народ?” |
|
| 21 |
|
| Кога Господ го чу тоа, пламна со гнев: оган се распали против Јакова, гневот се разјари против Израела, |
|
| 22 |
|
| Зашто не Му веруваше на Бога, ниту се надеваа на Неговата помош. |
|
| 23 |
|
| Па му нареди, одозгора, на облакот, и ги отвори небесните брани, |
|
| 24 |
|
| како дожд излеа врз нив да јадат мана, и ги нахрани со небесниот леб. |
|
| 25 |
|
| Човекот јадеше ангелски леб; Тој им даде храна до ситка. |
|
| 26 |
|
| Го разбуди на небото источниот ветер, и со сета сила го доведе југот. |
|
| 27 |
|
| Истури врз нив месо како прав, и крилести птици како морски песок. |
|
| 28 |
|
| Паднаа среде нивниот логор и околу нивните живеалишта. |
|
| 29 |
|
| Јадеа и се наситија, тој ја исполни нивната желба. |
|
| 30 |
|
| Уште не се беа откажале од својата лакомост и јадењето уште им беше во устите, |
|
| 31 |
|
| кога Божјиот гнев се распали на нив: ги покоси со смрт нивните прваци, и ги погуби Израелевите момчиња. |
|
| 32 |
|
| Покрај сè тоа, грешеа натаму и не веруваа во Неговите чудесни дела. |
|
| 33 |
|
| И им ги приврши дните со еден здив, и нивните години со ненадежен свршеток. |
|
| 34 |
|
| Кога ги убиваше, Го бараа, и пак прашуваа за Бога; |
|
| 35 |
|
| си спомнуваа дека Бог е нивна карпа и Сèвишниот нивен Откупител. |
|
| 36 |
|
| Но пак Го измамуваа со својата уста и Го лажеа со својот јазик. |
|
| 37 |
|
| Нивното срце не беше наполно со Него, ниту беа верни на Неговиот Завет. |
|
| 38 |
|
| А Тој милостиво им го проштаваше гревот и не ги погубуваше; често го воздржуваше Својот гнев, за да не пламне со сета жестина. |
|
| 39 |
|
| Си спомнуваше дека се тело, и здив што заминува и не се враќа веќе. |
|
| 40 |
|
| Колку Го огорчуваа во пустината, и Го жалостеа во безводен крај! |
|
| 41 |
|
| Сè наново Го искушуваа Бога и Го ограничија Израелевиот Светец, |
|
| 42 |
|
| не спомнувајќи си за Неговата рака, ни за денот кога ги избави од непријателите, |
|
| 43 |
|
| ни за Неговите знаци во Египет, ни за чудесните дела во Зоанското Поле. |
|
| 44 |
|
| Им ги претвори реките во крв, и нивните потоци, за да не пијат. |
|
| 45 |
|
| Испрати стршели на нив, за да ги погубуваат. |
|
| 46 |
|
| И ја предаде нивната жетва на скакулците и плодот на нивната мака на гасениците. |
|
| 47 |
|
| Ги удри со град нивните лозја, а со мраз нивните смокварници. |
|
| 48 |
|
| И го предаде на град нивниот добиток, и на секавиците нивните стада. |
|
| 49 |
|
| Ја излеа врз нив сета жестокост на Својот гнев, на јароста, бесот и неволјата: ги испрати на нив ангелите на несреќата. |
|
| 50 |
|
| И отвори пат за Својот гнев: не им го поштеди животот од смртта, го предаде на помор нивниот живот. |
|
| 51 |
|
| Порази во Египет сè првородено, првенците во Хамовите шатори. |
|
| 52 |
|
| И го поведе Својот народ како овци, и ги водеше како стадо низ пустината. |
|
| 53 |
|
| Ги водеше безопасно и не се плашеа, а морето ги покри нивните непријатели. |
|
| 54 |
|
| Тој ги одведе во Својата Света Земја, на бреговите што ги освои Неговата десница. |
|
| 55 |
|
| Пред нив ги истера многубошците, со јаже им го подели наследството, ги насели израелските племиња под нивните шатори. |
|
| 56 |
|
| А тие го искушуваа и Го гневеа Сèвишниот Бог и не ги исполнуваа Неговите заповеди. |
|
| 57 |
|
| Отпаднаа, изневерија, како нивните татковци, затаија како неверен лак. |
|
| 58 |
|
| Го принудија со своите високи места, Го поттикнуваа на завист со своите идоли. |
|
| 59 |
|
| Бог виде и пламна со гнев, го отфрли целосно Израел. |
|
| 60 |
|
| И го напушти Своето престојувалиште во Силом, шаторот во кој живееше меѓу луѓето. |
|
| 61 |
|
| И ја предаде во ропство Својата Сила, и Својата Слава во непријателски раце. |
|
| 62 |
|
| Го предаде на меч Својот народ, се разгневи на Своето наследство. |
|
| 63 |
|
| Огнот ги проголта нивните момчиња, нивните девици не се омажија. |
|
| 64 |
|
| Нивните свештеници паднаа од меч, не заплакаа нивните вдовици. |
|
| 65 |
|
| Тогаш, Господ се тргна како од сон, како Воин совладан од вино. |
|
| 66 |
|
| Ги удри Своите непријатели, ги одби назад, им зададе вечен срам. |
|
| 67 |
|
| Тој го отфрли Јосифовиот шатор и не го избра Ефремовото племе, |
|
| 68 |
|
| туку го избра Јудиното племе и гората Сион, што му замиле. |
|
| 69 |
|
| Изгради Светилиште високо како небото, го утврди довека како земјата. |
|
| 70 |
|
| Го избра Својот слуга Давид, го зеде од кошарите на овците; |
|
| 71 |
|
| го одведе од овците доилки, за да го пасе Јакова, Неговиот народ, и Израел, Неговото наследство. |
|
| 72 |
|
| И ги пасеше со честито срце и ги водеше со грижливи раце. |
|
|
|
|