Свето Писмо (Гаврилова) 1990
|
| 1 |
| Пастиру Израилев, послушај! Ти, Кој го водиш Јосифа како стадо, Кој седиш на херувимите, јави се! |
| 2 |
| Пред Ефрема, Венијамина и Манасија издигни ја силата Своја и дојди да нѐ спасиш. |
| 3 |
| Боже, поврати нѐ; нека светне лицето Твое, и ние ќе се спасиме! |
| 4 |
| Господи, Боже на силите, до кога ќе бидеш гневен на молитвата од слугите Твои? |
| 5 |
| Ќе нѐ храниш ли со солзлив леб, и напојуваш со солзи изобилно? |
| 6 |
| Нѐ направи приказ за кавги меѓу нашите соседи, и нашите непријатели ни се смеат. |
| 7 |
| Господи, Боже на силите, поврати нѐ! Нека светне лицето Твое, и ние ќе се спасиме! |
| 8 |
| Ти ја пренесе од Египет лозата, ги изгони народите и ја посади; |
| 9 |
| исчисти за неа место, и ги зацврсти корењата нејзини, и таа ја исполни земјата. |
| 10 |
| Горите се покрија од сенката нејзина, и гранките ѝ се како кедрови Божји; |
| 11 |
| таа пушти гранки до морето и младици до реката. |
| 12 |
| Зошто ја сруши нејзината ограда, па да ја берат сите, што минуваат по патот? |
| 13 |
| Горскиот вепар ја подгризува, и полската ѕверка ја јаде. |
| 14 |
| Боже на силите! Сврти се, погледај од небесата и види го и посети го ова лозје; |
| 15 |
| и утврди го она што го посади десницата Твоја; погледај и на синот човечки, што си го зацврстил за Себе. |
| 16 |
| Тоа е со оган обгорено и раскопано; од страв пред Твоето лице нека пропаднат. |
| 17 |
| Твојата десница нека биде раката Твоја над човекот, и на синот човечки, кого си го зацврстила за Себе. |
| 18 |
| А ние нема да отстапиме од Тебе; оживи нѐ, и ние ќе го призиваме Твоето име. |
| 19 |
| Господи, Боже на силите, поврати нѐ; нека свети лицето Твое, и ние ќе се спасиме! |
| Зачувајте белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonian1990/psalms/079.mp3
150
79