БИБЛИЈА (Свето Писмо) MKB 1999
|
| 1 |
| Боже, незнабожците, ете, навлегоа во Твоето наследство, го запустија Твојот Свет Храм, го претворија Ерусалим во урнатини. |
| 2 |
| Мртвите тела на Твоите слуги им ги дадоа за храна на небесните птици, месото на Твоите свети на земските ѕверови. |
| 3 |
| Им ја пролеваа крвта како вода околу Ерусалим, и немаше никој, за да ги погребе. |
| 4 |
| Станавме за срам пред своите соседи, присмев и ругање за сите околу нас. |
| 5 |
| До кога уште, Господи? Зар ќе се гневиш секогаш? Зар Твојата ревност ќе гори како оган? |
| 6 |
| Излеј го гневот врз незнабожците, што не Те признаваат, и врз царствата што не го повикуваат Твоето име! |
| 7 |
| Зошто го изедоа Јакова и го опустија неговото престојувалиште. |
| 8 |
| Не спомнувај си, против нас, за беззаконијата на татковците, нека нè испревари Твојата милост, зашто сме јадни и неволни. |
| 9 |
| Помогни ни, Боже, наше спасение, заради славата на Своето име, ослободи нè и прости ни ги гревовите заради Своето име! |
| 10 |
| Зошто незнабожците да зборуваат: „Па каде е нивниот Бог?” Нека се покаже врз многубожците, пред нашите очи, како ја одмаздуваш пролеаната крв на Своите слуги! |
| 11 |
| Нека стигнат до Тебе воздишките на затворениците, со силата на Своите мишки запази ги осудените на смрт! |
| 12 |
| А на нашите соседи врати им ја седмократно, во пазувите, хулата што Ти ја нанесоа Тебе, о Господи! |
| 13 |
| А ние, Твојот народ и овци на Твоето пасиште, ќе Те славиме довека, ќе ја разгласуваме Твојата фала, од род на род! |
| Зачувајте белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonianmkb1999/psalms/079.mp3
150
79