×

БИБЛИЈА (Свето Писмо) MKB 1999

Псалми 8

1
Господи, Боже наш! Колку е величествено Твоето Име по целата земја; Ти ја подигна Твојата Слава над небесата.
2
Од устата на малите деца и на доилчињата, Си зацврсти сила заради Твоите непријатели, за да ги натераш да молкнат: врагот и одмаздникот.
3
Кога ги гледам Твоите небеса, делото на Твоите прсти; месечината и ѕвездите што си ги поставил:
4
Што е човекот за да си спомнуваш за него? Или човечкиот син за да го посетуваш?
5
А Ти го направи само малку подолен од ангелите и го овенча со слава и чест.
6
Го постави за господар над делата на Своите раце; сè му потчини под неговите нозе:
7
сите овци и говеда, и полските ѕверови кон тоа;
8
небесните птици и морските риби и сè што поминува по морските патишта.
9
Господи, Боже наш! Колку е величествено Твоето Име по целата земја.
Macedonian Bible (MKB) 1999
Библија (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет, превод Душан Х. Константинов 1999, 2004 by Loukas Foundation, The Netherlands
:
Зачувајте белешки