×

Свето Писмо (Гаврилова) 1990

Псалми 80

1
Радувајте се во Бога, нашиот помошник, воскликнете кон Бога Јаковов;
2
запејте песна, удрете во тимпан, во милозвучно гусле со псалтир;
3
затрубете со труба во новомесечје, во определено време, во денот на вашиот празник,
4
зашто тоа е закон за Израилот, наредба од Бога Јаковов.
5
Он го установи тоа како сведоштво за Јосифа, кога тој излезе од Египетската земја, каде што чу јазик, што не го знаеше:
6
»Јас го симнав товарот од рамениците негови, и му ги ослободив рацете негови од кошницата.
7
Во маката своја ти Ме повика, и Јас те избавив; при гром те чув, кај водите на Мерива те испитав.
8
Чуј, народе Мој, и Јас ќе ти посведичам, ако Ме послушаш, Израиле!
9
Да немаш друг бог и дане му се клањаш на друг земен бог.
10
Јас сум Господ, Бог твој, Кој те изведе од Египетската земја; отвори ја устата своја, и Јас ќе ја исполнам.
11
Но мојот народ не го послуша гласот Мој, и Израилот не Ми се поклони;
12
затоа Јас ги оставив на нивните упорни срца; нека одат по мислите свои.
13
О, да беше Ме послушал Мојот народ и Израилот да одеше по Моите патишта,
14
веднаш ќе ги смирев нивните непријатели и ќе ја свртев раката Своја против оние што го оскрбуваа.«
15
Оние, што го мразат Господа, сакаа да Му се приближат, и нивното дружење би продолжило за секогаш;
16
ќе ги хранев со најдобра пченица и ќе ги наситував со мед од камен.
Macedonian Bible 1990
Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016 Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016
:
Зачувајте белешки