×

Свето Писмо (Гаврилова) 1990

Псалми 83

1
Колку се мили Твоите живеалишта, Господи на силите!
2
Копнее душата моја сакајќи да е во Господовите дворови; срето мое и телото мое со радост се стремат кон живиот Бог.
3
И птичката си наоѓа живеалиште, и ластовичката гнездо, каде што ќе ги положи пилињата свои, а јас при олтарите Твои, Господи на силите, Цару мој и Боже мој!
4
Блажени се оние, кои живеат во домот Твој тие постојано Те фалат.
5
Блажен е оној човек, кој заштита бара кај Тебе и во чие срце се патиштата Твои.
6
Преминувајќи јадолината на плачот, тие наоѓаат извори во неа, и дожд ја покрива со благослови;
7
минуваат од сила во сила, се јавуваат пред Бога, на Сион.
8
Господи, Боже на силите, услиши ја молитвата моја, послушај, Боже Јаковов!
9
Боже, заштитнику наш, погледај и види го лицето на твојот помазаник!
10
Зашто еден ден во Твоите дворови е подобар отколку – илјада дни надвор. Повеќе сакам да бидат на прагот пред Божјиот дон, отколку да живеам во населбите на грешниците.
11
Бидејќи Господ Бог сака милост и вистина, дава благодат и слава; Господ не ги лишува од блага оние, што одат непорочно.
12
Господ на силите, блажен е оној човек, кој се надева на Тебе!
Macedonian Bible 1990
Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016 Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016
:
Зачувајте белешки