БИБЛИЈА (Свето Писмо) MKB 1999
|
| 1 |
| Господи, не молчи! Боже, не премолчувај и не мирувај! |
| 2 |
| Зашто еве: Твоите непријатели зовреа, а Твоите мразители ја креваат главата. |
| 3 |
| Се заверуваат против Твојот народ и се советуваат против Твоите штитеници. |
| 4 |
| Зборуваат: „Дојдете да ги истребиме, за да не бидат народ, нека не се спомнува повеќе името Израел!” |
| 5 |
| Навистина, едногласно се советуваат и склучија сојуз против Тебе: |
| 6 |
| Шаторите на Едом и Исмаилците, Моавците и Агарјанците, |
| 7 |
| Гевал, Амон и Амалик, Филистимците со жителите на Тир. |
| 8 |
| И Асирците се здружија со нив, им подадоа рака на Лотовите потомци. |
| 9 |
| Направи им како на Мадијамците, како на Сисара и на Јавина при потокот Кисон: |
| 10 |
| кои загинаа близу Ен-Дор и станаа гној за нивите. |
| 11 |
| Направи ги нивните кнезови како Орив и Зив, сите нивни водачи нека бидат како Зевеј и Салман, |
| 12 |
| што викаа едногласно: „Да ги освоиме Божјите краишта!” |
| 13 |
| Дај, О Боже, да бидат како завиорен прав, како плева што ветерот ја носи. |
| 14 |
| Како што огнот ја голта гората, како што пламенот ги изгорува шумите, |
| 15 |
| гони ги така со Својата бура, исплаши ги со Својот виор! |
| 16 |
| Покри им го лицето со срам, за да го бараат Твоето име, Господи! |
| 17 |
| Нека се засрамат и плашат засекогаш, нека се срамат и нека изгинат! |
| 18 |
| Нека знаат: Ти си, Чие Име е - Господ! Единствен, Сèвишен на целата земја. |
| Зачувајте белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonianmkb1999/psalms/083.mp3
150
83