БИБЛИЈА (Свето Писмо) MKB 1999
|
| 1 |
| Господ ја засака пак Својата земја, кон добро ја заврте Јакововата судбина. |
| 2 |
| Му ги прости беззаконијата на Својот народ, ги покри сите негови гревови. |
| 3 |
| Ја воздржа сета Своја лутина, се откажа од Својот распален гнев. |
| 4 |
| Обнови нè Боже, Спасителе наш, и отфрли ја зловолјата против нас! |
| 5 |
| Зар ќе се гневиш довека на нас! Преносувајќи ја Својата насрденост од род на род? |
| 6 |
| Зар нема да нè оживееш пак, за да се радува Твојот народ во Тебе? |
| 7 |
| Господи, покажи ни ја Својата милост и дај ни го Своето спасение. |
| 8 |
| Да го послушам тоа што ми зборува Господ Бог: зашто Тој ќе им зборува за мир: на својот народ, на Своите избраници, но нека не се свртат пак кон безумие. |
| 9 |
| Навистина, близу е Неговото спасение за оние што се бојат од Него, и Неговата слава ќе живее во нашата земја. |
| 10 |
| Љубовта и вистината ќе се состанат, правдата и мирот ќе се прегрнат. |
| 11 |
| Вистината ќе никнува од земјата, правдата ќе гледа од небесата. |
| 12 |
| Да, Господ ќе даде добро, а нашата земја својот плод. |
| 13 |
| Правдата ќе врви пред Него, и ќе направи пат за Неговите стапки. |
| Зачувајте белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonianmkb1999/psalms/085.mp3
150
85