Свето Писмо (Гаврилова) 1990
|
| 1 |
| Основите Негови се горите свети. |
| 2 |
| Господ ги сака портите Сионски повеќе од сите населби на Јакова. |
| 3 |
| Граде Божји, преславно се зборува за тебе. |
| 4 |
| »Ќе им спомнам на оние кои ме знаат, за Раав и Вавилон; ете, другоплемениците, и Тир, и луѓето од Етиопија, и тие се родија таму беа.« |
| 5 |
| А за мајката Сион ќе речат: тој и тој човек се роди во него, и Самиот Севишни го зацврсти. |
| 6 |
| Кога ќе се пребројуваат народите и кнезовите, Господ ќе напише: сите досега таму се родија. |
| 7 |
| Оние што пеат се радуваат; пеат и велат – сите наши извори во Тебе се. |
| Зачувајте белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonian1990/psalms/086.mp3
150
86