|
| 1 |
|
| За Господовата љубов ќе пеам довека, Твојата вистина ќе ја проповедам низ сите поколенија. |
|
| 2 |
|
| Зашто реков: „Мојата љубов е создадена засекогаш!” Својата вистина ја втемели на небото: |
|
| 3 |
|
| „Склучив Завет со Својот избраник, Му се заколнав на Својот слуга Давид: |
|
| 4 |
|
| ќе го утврдам Твоето потомство довека, ќе го создадам твојот престол за сите родови.” |
|
| 5 |
|
| Небесата ги величаат Твоите чудеса, Господи, и Твојата верност во собранието на светите. |
|
| 6 |
|
| Зашто кој Му е рамен на Господа во облаците? Кој Му е сличен на Господа меѓу Божјите синови? |
|
| 7 |
|
| Бог е стравичен во собранието на светите, велик и страшен за сите околу Себе. |
|
| 8 |
|
| Господи, Боже над Воинствата, кој е како Тебе? Силен Си, Господи, и вистината Те опкружува. |
|
| 9 |
|
| Ти му заповедаш на бурното море, ја скротуваш силата на неговите бранови; |
|
| 10 |
|
| Ти го сосече и го згази Раав, со силна мишка ги распрсна Твоите непријатели. |
|
| 11 |
|
| Твои се небесата и Твоја е земјата, Ти го создаде земниот круг и сè што е на него; |
|
| 12 |
|
| Ти создаде север и југ, Тавор и Ермон се радуваат на Твоето име. |
|
| 13 |
|
| Твојата мишка е силна, раката цврста, десницата крената. |
|
| 14 |
|
| Правдата и справедливоста се основа на Твојот престол, љубовта и вистината чекорат пред Тебе. |
|
| 15 |
|
| Блазе му на народот свикнат со светите воскликнувања, тој оди во сјајот на Твоето лице, Господи. |
|
| 16 |
|
| Секогаш се радува во Твоето име, и со Твојата правда се воздига. |
|
| 17 |
|
| Зашто Ти си слава на неговата сила, по Твоја милост расте нашата сила. |
|
| 18 |
|
| Зашто Господ е наш штит, Израелевиот Светец е наш Цар. |
|
| 19 |
|
| Некогаш во видение им зборуваше на Своите свети: „На јунакот му ставив круна на главата, го издигнав избраникот од народот; |
|
| 20 |
|
| го најдов Давида, Својот слуга, го помазав со Своето свето масло, |
|
| 21 |
|
| за да остане Мојата рака секогаш со него и Мојата мишка да го крепи. |
|
| 22 |
|
| Нема да го надмудри непријател, ниту да го превали синот на беззаконието. |
|
| 23 |
|
| Ќе ги разбијам пред него неговите противници, ќе ги погубам неговите мразители. |
|
| 24 |
|
| Мојата верност и Мојата добрина ќе бидат со него, и во Мое име ќе му расте силата. |
|
| 25 |
|
| Ќе ја испружам неговата рака до морето, неговата десница до Реката. |
|
| 26 |
|
| Тој ќе Ме вика: *Татко мој! Боже мој и карпа на моето спасение.* |
|
| 27 |
|
| А Јас ќе го направам првороденец, најголем меѓу царевите на светот. |
|
| 28 |
|
| За него ќе ги запазам довека: Мојата милост и Мојот верен Сојуз. |
|
| 29 |
|
| Ќе го направам вечно неговото потомство, и неговиот престол како небесен ден. |
|
| 30 |
|
| Ако неговите синови го остават Мојот Закон и не одат според Моите наредби; |
|
| 31 |
|
| ако ги престапат Моите одредби и не ги чуваат Моите заповеди; |
|
| 32 |
|
| со прачка ќе го казнам нивното недело, со лути ударци нивната вина, |
|
| 33 |
|
| но нема да му ја одземам Мојата наклоност, ниту ќе ја прекршам Мојата вистина. |
|
| 34 |
|
| Нема да го нарушам Мојот Завет и не ќе го одречам Моето ветување. |
|
| 35 |
|
| Еднаш се заколнав во Мојата светост: нема да го измамам Давида. |
|
| 36 |
|
| Неговото потомство ќе остане довека, неговиот престол, пред Мене, како сонце. |
|
| 37 |
|
| Ќе остане довека како месечина, верен сведок на небото.” |
|
| 38 |
|
| А сега Ти го одби и го отфрли, многу се разгневи на својот помазаник. |
|
| 39 |
|
| Го презре Сојузот со Твојот слуга, и ја понизи до земја неговата круна. |
|
| 40 |
|
| Ги разурна сите негови ѕидови, ги фрли во урнатини неговите тврдини. |
|
| 41 |
|
| Го ограбуваат сите што ќе поминат, стана за исмејување на своите соседи. |
|
| 42 |
|
| Ја подигна десницата на неговите напријатели, и ги зарадува неговите противници. |
|
| 43 |
|
| Ја затапи острицата на неговиот меч, не му помогна во бојот. |
|
| 44 |
|
| Му стави крај на неговиот блесок, го обори на земја неговиот престол. |
|
| 45 |
|
| Ги скрати дните на неговата младост, го покри со срам. |
|
| 46 |
|
| До кога, Господи? Зар ќе се криеш секогаш? Дали Твојот гнев ќе гори како оган? |
|
| 47 |
|
| Спомни си колку е краток мојот живот, во каква суета ги создаде сите човечки синови. |
|
| 48 |
|
| Кој жив не ќе ја види смртта? Кој ќе ја запази душата од раката на Подземјето? |
|
| 49 |
|
| Каде е, Господи, Твојата исконска добрина, со која му се заколна на Давида, за Својата верност? |
|
| 50 |
|
| Сети се, Господи, за срамот на своите слуги: во срцето ја носам сета омраза на многубошците, |
|
| 51 |
|
| со која се нафрлаат Твоите непријатели, Господи, со која се нафрлаат на чекорите на Твојот помазаник. |
|
| 52 |
|
| Благословен да е Господ довека! Нека биде така. Амин. |
|
|
|
|