|
| 1 |
|
| Ќе Те славам, Господи, со целото свое срце; ќе ги раскажувам сите Твои чудесни дела! |
|
| 2 |
|
| Ќе се радувам и ќе се веселам во Тебе, ќе Му пеам на Твоето Име, Сèвишни! |
|
| 3 |
|
| Моите непријатели се вратија назад, паднаа и загинаа пред Твоето лице. |
|
| 4 |
|
| Зашто Ти ги заштити моето право и моето дело, Ти седна на престолот и пресуди праведно: |
|
| 5 |
|
| ги изобличи народите, ги истреби нечесните, им го избриша името, за вечни векови. |
|
| 6 |
|
| Непријателите исчезнаа - запустени засекогаш; Ти им ги разурна градовите - и споменот им го снема. |
|
| 7 |
|
| Но Господ царува секогаш, го подготви Својот престол за судење. |
|
| 8 |
|
| И ќе му суди на целиот свет со правда, ќе ги осуди народите справедливо. |
|
| 9 |
|
| Господ е засолниште на угнетуваните, тврдина на спасението во тешки денови. |
|
| 10 |
|
| Во Тебе се надеваат оние, кои го знаат Твоето Име, зашто не ги оставаш оние, кои Те барат Господи! |
|
| 11 |
|
| Пејте Му на Господа, Кој живее на Сион, разгласете ги Неговите дела меѓу народите; |
|
| 12 |
|
| зашто си спомнува за нив како одмаздникот за крв, и не го заборава викањето на бедните. |
|
| 13 |
|
| Смилуј ми се Господи: погледај на моето страдање од моите непријатели; Ти, Кој ме избавуваш од вратите на смртта; |
|
| 14 |
|
| за да ги навестувам сите Твои пофалби во вратите на Сионовата ќерка, за да се радувам поради Твојата спасителна помош. |
|
| 15 |
|
| Народите паднаа во јамата, што сами ја ископаа; стапицата што ја ставија тајно, ја фати нивната нога. |
|
| 16 |
|
| Го познаа Господа - Тој судеше; грешникот се заплетка во сопствените дела. |
|
| 17 |
|
| Безбожниците ќе се вратат во подземјето, сите народи што Го забораваат Бога. |
|
| 18 |
|
| Зашто бедниот нема да биде заборавен засекогаш; ниту ќе биде изгубена засекогаш надежта на оние во неволја. |
|
| 19 |
|
| Стани, Господи, за да не се засили човекот; народите нека бидат осудени пред Тебе! |
|
| 20 |
|
| Господи, пушти страв на нив, нека познаат народите дека се луѓе. |
|
|
|
|