БИБЛИЈА (Свето Писмо) MKB 1999
|
| 1 |
| Ти, Кој живееш под покрив на Сèвишниот, што се одморуваш во сенката на Сèдржителот, |
| 2 |
| речи му на Господа: „Прибежиште мое! Тврдино моја! Боже мој, на Кого се надевам!” |
| 3 |
| Зашто Тој ќе те ослободи од примката на ловецот, од гибелниот помор. |
| 4 |
| Ќе те заштити со Своите крила, и ќе се засолниш под Неговите крила. Неговата вистина е штит и закрила! |
| 5 |
| Не ќе се боиш од ноќен страв, ниту од стрелата што лета дење, |
| 6 |
| ни од поморот, што се поткрадува во темнина, ни од гибелта што опустува напладне. |
| 7 |
| И нека паѓаат илјади покрај тебе, десетици илјади до Твојата десница, но до тебе нема да се приближи! |
| 8 |
| Само штом погледнеш со окото, веќе ќе ја видиш платата на грешниците. |
| 9 |
| Зашто Господ е твое засолниште, го избра Сèвишниот за своја закрила. |
| 10 |
| Нема да те најде несреќата, неволјата нема да се приближи до твојот шатор. |
| 11 |
| Зашто им заповеда на Своите ангели, да те чуваат на сите твои патишта. |
| 12 |
| Ќе те носат на раце, за да не се сопнеш на камен. |
| 13 |
| Со ногата ќе газиш лав и лутица, ќе ги згазиш лавчето и змијата. |
| 14 |
| Ќе го избавам зашто ме љуби, ќе го закрилам зашто Го познава Моето име. |
| 15 |
| Ќе Ме повика, а Јас ќе го услишам, со него ќе бидам во неволја, ќе го спасам и ќе го прославам. |
| 16 |
| Ќе го наситам со многу денови, ќе му го покажам Моето спасение. |
| Зачувајте белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonianmkb1999/psalms/091.mp3
150
91