|
| 1 |
|
| Бог Господ е одмаздник Боже на одмаздата покажи се! |
|
| 2 |
|
| Стани, Судијо на земјава, дај им отплата на гордите. |
|
| 3 |
|
| До кога грешниците, Господи, до кога грешниците ќе се фалат, |
|
| 4 |
|
| мрморат и кажуваат неправда, до кога ќе зборуваат така сите што вршат безааконие? |
|
| 5 |
|
| Го газат Твојот народ, Господи, и го озлобуваат Твоето наследство; |
|
| 6 |
|
| вдовица и сирак убија, и придојден убија. |
|
| 7 |
|
| па рекоа: Господ нема да види, ни Бог Јаковов нема да дознае. |
|
| 8 |
|
| Вразумете се, вие што сте безумни! И дали вие, луѓе, некогаш ќе се опаметите? |
|
| 9 |
|
| Оној, Кој го насадил увото, нема ли да чуе, и Оној што го поставил окото, нема ли да види? |
|
| 10 |
|
| Оној, Кој ги вразумува народите, и Кој го учи човекот на знење, зар нема да казни? |
|
| 11 |
|
| Господ ги знае човечките мисли, знае дека се тие суетни. |
|
| 12 |
|
| Блажен е оној човек, кого го казнуваш Ти, Господи, и го поучуваш на Твојот закон, |
|
| 13 |
|
| за да му дадеш мир во лошите денови, додека за грешникот не се ископа гроб! |
|
| 14 |
|
| Зашто Господ нема да го отфрли Својот народ и нема да го остави Своето наследство. |
|
| 15 |
|
| додека правдата не се обрне во суд и по него не се држат сите прави по срце. |
|
| 16 |
|
| Кој ќе се крене за мене против лукавите или кој ќе стои покрај мене против оние што вршат беззаконие? |
|
| 17 |
|
| Да не ми беше помогнал Господ, душата моја брзо ќе се преселеше во адот. |
|
| 18 |
|
| Кога ќе речев: ногата ми се поколеба, – Твојата милост, Господи, ме помагаше. |
|
| 19 |
|
| Кога се намножуваа тешкотиите и во срцето мое, Твоите утехи ја развеселуваа душата моја. |
|
| 20 |
|
| Па зар до Тебе ќе се приближи престолот безбожнички, оној што работи спротивно на законот Твој. |
|
| 21 |
|
| Ја ловат душата на преведникот и осудуват невина крв. |
|
| 22 |
|
| Но Господ е мое прибежиште и Бог мој – сигурност во надежта моја. |
|
| 23 |
|
| Он ќе го свртиврз нив нивното беззаконие, и според злобата нивна ќе ги погуби Господ Бог. |
|
|
|
|