×

Свето Писмо (Гаврилова) 1990

Псалми 95

1
Запејте Му на Господа песна нова, запеј Му на Господа, цела земјо!
2
Пејте Му на Господа, благословувајте го името Негово, благовестите го од ден на ден спасението од Него;
3
разгласувајте ја меѓу народите славата Негова, и на сите народи – чудесата Негови;
4
зашто велик е Господ и достоен за пофалба, страшен е Оне над сите богови.
5
Бидејќи сите богови на незнабожците се бесови, а Господ го создаде небото.
6
Слава и величие се пред лицето Негово, светост и великолепие – во светилиштето Негово.
7
Воздајте Му на Господа, племиња народни, воздајте Му слава и чест;
8
воздајте Му на Господа слава на името Негово, земете жртви и влезете во неговите дворови;
9
поклонете Му се на Господа во светите дворови Негови. Да затрепери пред лицето Негово целата земја!
10
Кажете им на народите: Господ се зацари! затоа цврста е вселената, нема да се разниша.
11
Нека се развесели небото и да се возрадува земјата, нека се раздвижи морето и она што го исполнува;
12
нека се радуваат полињата и сѐ што е на нив, да ликуваат сите дрвја по дубравите,
13
пред лицето на Господа, зашто иде, зашто Он иде да ѝ суди на земјата. Он ќе ѝ суди на вселената по правда, и на народите – според Својата вистина.
Macedonian Bible 1990
Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016 Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016
:
Зачувајте белешки