Свето Писмо (Гаврилова) 1990
|
| 1 |
| Запејте Му на Господа нова песна, зашто создаде чудесни работи, Неговата десница, Му помогна и Неговата света мишка. |
| 2 |
| Господ го објави Своето спасение, пред очите на народите ја откри Својата правда. |
| 3 |
| Се присети Он за својата милост кон Јакова и на вистината Своја кон домот Израилев; сите краишта земи го видоа спасението од Нашиот Бог. |
| 4 |
| Воскликни Му на Господа, цела земјо; запеј, радуј се и пеј; |
| 5 |
| пејте Му на Господа со гусли, со гусли и со глас псаломски; |
| 6 |
| во труби ковани и во труби од рог затрубете пред Царот – пред Господа. |
| 7 |
| Нека шуми морето и сѐ она што го исполнува: вселената и сите што живеат во неа; |
| 8 |
| да заплескаат со раце реките и заедно со горите да се зарадуваат пред лицето на Господа! |
| 9 |
| зашто Он доаѓа да ѝ суди на земјата. Он ќе ѝ суди на вселената по правда и народите – правично. |
| Зачувајте белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonian1990/psalms/097.mp3
150
97