×

Свето Писмо (Гаврилова) 1990

Псалми 98

1
Господ се зацари: нека треперат народите! Он седи на херувими: нека се затресе земјата!
2
Велик е Господ на Сион и возвишен е Он над сите народи.
3
Нека го слават името Твое велико: зашто тоа е страшно и свето.
4
И геста на Царот, сака праведен суд; Ти утврди правда; суд и правда Ти изврши кај Јакова.
5
Превознесувајте Го Господа, нашиот Бог, поклонувајте Му се во подножјето на нозете Негови, зашто тоа е свето!
6
Мојсеј и Арон беа меѓу свештениците свои, а Самуил меѓу оние, кои го призовуаа името Негово. Ти го призовуваа Господа и Он ги слушаше.
7
Во облаков столб Он им говореше, зашто тие ги пазеа Неговите заповеди и наредби, што им ги даваше.
8
Господи, Боже наш, Ти ги слушаше. Боже, Ти беше милостив спрема нив и ги казнуваше сите нивни лоши постапки.
9
Возвишувајте Го Господа, нашиот Бог, и поклонувајте се пред Неговата света гора, зашто свет е Господа, нашиот Бог.
Macedonian Bible 1990
Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016 Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016
:
Зачувајте Белешки