|
| 1 |
|
| Сине мој, чувај ги моите зборови и запази ги моите заповеди при себеси. |
|
| 2 |
|
| Пази ги моите заповеди, и ќе бидеш жив, и мојата поука како зеницата на своето око. |
|
| 3 |
|
| Заврзи ги на своите прсти, запиши ги врз плочата на своето срце; |
|
| 4 |
|
| речи и на мудроста: „Моја сестра си”, и разумот наречи го роднина, |
|
| 5 |
|
| за да те чуваат од жена прељубница, од туѓинка која зборува ласкаво. |
|
| 6 |
|
| Кога бев еднаш при прозорецот на својата куќа и гледав надвор, низ решетката, |
|
| 7 |
|
| видов меѓу лесноумните, забележав меѓу момчињата неразумен младец: |
|
| 8 |
|
| Поминуваше по улицата покрај нејзиниот агол, и чекореше по патот кон нејзината куќа, |
|
| 9 |
|
| во примрак, меѓу денот и вечерта, кога се спушта ноќната темнина. |
|
| 10 |
|
| И ете, го сретна жена, облечена како блудница и со измама во срцето. |
|
| 11 |
|
| Беше тврдоглава и разуздана, нејзините нозе не застануваа дома; |
|
| 12 |
|
| беше час на улиците, час на раскрсниците, и дебнеше при секој агол. |
|
| 13 |
|
| И го фати и го пољуби, и му рече, со безобразно лице: |
|
| 14 |
|
| „Бев должна да принесам помирителна жртва и денес го исполнив својот завет; |
|
| 15 |
|
| затоа ти излегов во пресрет, да те барам, и те најдов. |
|
| 16 |
|
| Своето легло го послав со килими, со везени египетски покривачи; |
|
| 17 |
|
| својата постела ја намирисав со смирна, алој и канела. |
|
| 18 |
|
| Ајде да се ситиме со нежности до утрото и да се насладуваме во љубовта. |
|
| 19 |
|
| Зашто мојот маж не е дома, отиде на далечен пат; |
|
| 20 |
|
| зеде со себе ќесе со сребро, а ќе се врати дома одвај при полната месечина.” |
|
| 21 |
|
| Така го заведе со своето наговарање, го одвлече со своите мазни усни. |
|
| 22 |
|
| И тој тргна лудо по неа, како што волот оди на кланица и како што еленот, заплеткан во мрежата, чека |
|
| 23 |
|
| додека стрелата не му го прониже црниот дроб, и како птицата што влетува во клопката, и не знаејќи дека тоа ќе ја чини животот. |
|
| 24 |
|
| Затоа, сине мој, послушај ме, и чуј ги зборовите на мојата уста: |
|
| 25 |
|
| Нека твоето срце не застранува по нејзините патишта, и нека не скита по нејзините патеки, |
|
| 26 |
|
| зашто мнозина ги рани смртно и ги падна, и мнозина се оние што ги уби. |
|
| 27 |
|
| Патиштата низ нејзината куќа водат во пеколот, долу во собите на смртта. |
|
|
|
|