БИБЛИЈА (Свето Писмо) MKB 1999
|
| 1 |
| „Каде отишол твојот возљубен, о, нјубава меѓу жените? Каде го снема твојот возљубен, за да го бараме со тебе?” |
| 2 |
| Мојот возљубен слезе во својата градина, при леите со мирисливи билки, да пасе по градините и да собира лилјани. |
| 3 |
| Јас му припаѓам на мојот возљубен, мојот возљубен ми припаѓа мене; тој пасе меѓу лилјаните. |
| 4 |
| Убава си, моја возљубена, како Терса, красна си како Ерусалим, страшна како војска под знамињата. |
| 5 |
| Одврати ги твоите очи од мене, зашто ме збунуваат. |
| 6 |
| Твојата коса е како стадо кози, што слегуваат од Галад. Забите ти се како стадо истригани овци кога доаѓаат од капење: идат две и две како близначки, и ниедна не е осамена. |
| 7 |
| Твоите образи се како калинкини половинки под твојот превез. |
| 8 |
| Има шеесет царици и осумдесет наложници и безброј девици. |
| 9 |
| Но само една е мојата гулабица, мојата совршена единствена на мајката, избраница на својата родителка. Девиците ја видоа и и заблажеваа, а цариците и наложниците ја пофалија. |
| 10 |
| Која е оваа која доаѓа како мугрите што осамнуваат, прекрасна е како месечината, сјајна како сонцето, страшна како војска под знамињата? |
| 11 |
| Слегов низ ореови насади, за да ги видам младите растенија во долината, за да видам дали распупиле лозјата, дали цветаат калинките? |
| 12 |
| Не дознав ништо, а душата моја ме постави на колите Аминадавови. |
| 13 |
| „Врати се, врати се, Суламко, врати се за да те гледаме.” Што ќе видите на Суламка, која игра во две дружини? |
| Зачувајте белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonianmkb1999/songofsolomon/006.mp3
8
6