за да ги отстранат сиромасите од правосудието и да ги ограбат правата на слабите меѓу Мојот народ, за да ги направат вдовиците свој плен и да ги грабаат сираците.
А кога Господ ќе го изврши сето Свое дело на гората Сион и во Ерусалим, тогаш ќе го казнам плодот на горделивото срце на царот асирски и дрскоста на високо кренатите му очи.«
Зашто рече: »Со силата на Своите раце и со премудроста на Својот разум го направив тоа, зашто сум умен: ги разместам границите на народите, и нивните богатства ги ограбив,
раката Моја го ограби богатството на народите како гнезда: како што ги земаат оставените во нив јајца, така ја заграбив јас целата земја, и никој со крило не мрдна, ни уса не отвори, ниту писна.«
Се крева ли на големо секирата пред оној што сече со неа? Се гордее ли трионот пред оној што го движи? Како стап да се крева против оној што го дига! Како божем прачка се крева против оној, кој не е дрво!
Затоа Господ, Господ Саваот ќе испрати немоќ на неговите здрави и меѓу првенците на твојата чест бесчестие и врз твојата слава оган на зло ќе се разгори.
И ете, во тој ден Израилевиот остаток и спасените од домот на Јакова нема веќе да се потпираат на оној, кој ги порази, но простосрдечно ќе положат надеж во Господа, Светецот Израилев.
Поради тоа вака вели Господ, Господ Саваот: »Народе Мој, што живееш на Сион, не бој се од Асура. Тој ќе те порази со жезло и ќе го крене стапот против тебе, како Египет.
И ќе крене Господ Саваот бич врз него, како кога го порази Медијам кај карпата Орив, или како кога го протегна жезлото врз морето, ќе го крене како врз Египет.
Ете, Господ, Господ Саваот со страшна сила ќе ги откине гранките на дрвјата и кои со својот раст се зголемуваат, ќе бидат пресечени, високите – на земја соборени.