кои им ја скратуваат правдата на бедните и и го одземаат правото на сиромаштијата на Мојот народ, за да ги ограбат вдовиците, за да ги опљачкаат сиромашните!
за да не се наведнете меѓу робовите, за да не паднете меѓу убиените?” Покрај сè тоа, Неговиот гнев нема да се смири, Неговата рака ќе остане испружена.
И кога Господ ќе го доврши сето Свое дело на гората Сион и во Ерусалим, ќе го казни плодот на горделивото срце на асирскиот цар и дрскоста на неговите горделиви очи.
Зашто рече: „Направив со својата рака и со својата мудрост, зашто сум умен; ги отстранив границите меѓу народите и ги ограбив нивните богатства, како јунак ги симнав оние што седат на престолите.
Мојата рака ги зграби како гнезда богатствата на народите. Како што се собираат оставените јајца, ја собрав целата земја, и немаше никој да затрепери со крилјата да отвори клун, да цивка.”
Зар се фали секирата покрај оној што сече со неа? Ќе се гордее ли пилата покрај оној што со неа реже? Како жезолот да мавта со оној кој го крева, или прачката ја крева оној што не е дрво.
Во оној ден: Израелевиот остаток и преживеаните од Јакововата куќа, не ќе се потпираат веќе на оној кој ги бие, туку ќе се потпираат искрено на Господа, на Израелевиот Светец.
Затоа Господ над Воинствата зборува вака: „О Мој народе што престојуваш на Сион, не бој се од Асирецот кога бие со бич, кога крева стап на тебе, како и Египет.