Блиско е времето негово, нема да задоцнат дните негови; зашто Господ ќе го помилува Јакова и пак ќе го засака Израилот; ќе ги насели во земјата нивна, ќе се присоединат кон нив туѓинци и ќе се прилепат кон домот Јаковов.
Ќе ги земат народите и ќе ги одведат на местото нивно; домот Израилев ќе ги присвои на земјата Господова како робови и робинки, ќе ги земе во плен своите пленители и ќе владее над своите угнетувачи.
Пеколот адски се раздвижи заради Тебе, за да Те пречека при Твоето влегување; со Тебе се разбудија сите водачи на земјата; изместувајќи ги сите цареви незнабожечки од престолите нивни.
А во срцето свое си велеше: »Ќе се искачам на небото, ќе го издигнам престолот свој погоре од Божјите ѕвезди и ќе седнам на гората во соборот на боговите, на крајот од северот;
Гответе клање за синовите негови поради беззаконието на таткото нивни, за да не востанат и да не завладеат со земјата и да не ја наполнат вселената со непријатели.
»Немој да се радуваш, земјо Филистејска, дека е скршен жезалот, кој те поразуваше, зашто од змискиот корен ќе излезе отровница и плодот нејзин ќе биде змеј што лета.