×

Свето Писмо (Гаврилова) 1990

Исаија 15

1
Пророштвото за Моав. Така! Ноќе ќе биде разорен Ар – Моав и уништен; така! Ноќе ќе биде разорен Кир – Моав и уништен!
2
Тој се искачува во храмот девонски за да плаче на височина; Моав липа над Невон и Медев; сите тие се со истрижени глави, сите со избричени бради.
3
По улиците негови се препашуваат со вреќишта; по покривите негови и плоштадите сите плачат, во солзи тонат.
4
Пишти Есевон и Елеала; гласот нивни се слуша дури до Јаца; по нив и војниците на Моав плачат, душата му се бранува во него.
5
Плаче моето срце за Моав; бегаат од него кон Сигор, до третата Егла; се искачуваат со плачење на Лухит; по хоронаимскиот пат креваат страшен вик;
6
зашто водите на Нимрим пресекнаа, ливадите се исушија, тревата изгоре, зеленило не остана;
7
затоа тие ги пренесуваат од онаа страна на Арабиската река остатоците од имотот и она, што го собрале.
8
Оти писокот се разнесува по сите предели на Моав, плачот негов стигнува дури до Еглаим, плачот негов стигнува до Беер – Елим;
9
бидејќи водите на Димон се наполнија со крв, и Јас ќе испратам врз Димон уште нешто ново, – лавови врз избеганите од Моав и против другите во земјата.
Macedonian Bible 1990
Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016 Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016
:
Зачувајте белешки