БИБЛИЈА (Свето Писмо) MKB 1999
|
| 1 |
| Пророштво за Моав. Опустен во ноќта, разорен падна Моавскиот Ар! Разурнат во ноќта падна Моавскиот Кир! |
| 2 |
| Се искачуваат кон Девонскиот храм, на високи места за да плачат; за Нево и за Медев, Моав рида! Сите глави се истрижени, а сите бради избричени; |
| 3 |
| облекуваат вреќи на улиците, а ридаат на неговите покриви! Сите ридаат на неговите раскрсници и пролеваат солзи. |
| 4 |
| Лелекаат Есевон и Елеал, плачот се слуша до Јаса. Затоа им се тресат слабините на Моав, трепери неговата душа; |
| 5 |
| Моавовото срце липа, неговите бегалци одат до Сигор. Да, за да се искачуваат плачејќи по ридот Луит; по Оронаимскиот Пат се разлева лелек над пропаста. |
| 6 |
| Да! Нимримските води станаа пустина: тревата се исуши, тревите исчезнаа, нема веќе зеленило. |
| 7 |
| Затоа печалбата што ја спечалија и она што заштедија ги носат преку Потокот на Врбите. |
| 8 |
| Да! пискот се разлева низ моавскиот крај: ридањето му е до Еглаим, плачењето му е до Вир-Елим. |
| 9 |
| Да! Димонските води се полни со крв, и уште една несреќа му придавам на Димон: еден лав за моавските бегалци и за преживеаните во земјата. |
| Зачувајте белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonianmkb1999/isaiah/015.mp3
66
15