Ти го претвори градот во грамада од камења, цврстата тврдина – во урнатини; нема повеќе во градот дворци на другоплеменици; никогаш нема да биде востановен.
оти Ти беше прибежиште на сиромавиот, прибежиште на немоќниот во тешко време за него, заштита од бура, сенка од припек; зашто гневното дишење на насилниците прилегаше на бура против карпа.
Смртта ќе биде проголтана за секогаш, ќе ги избрише Господ Бог солзите од сите лица, и ќе го симне срамот од Својот народ во целата земја, зашто така вели Господ.
И ќе речат во тој ден: »Еве, Он е нашиот Бог! На Него се надевавме, и Он нѐ спаси! Он е Господ; Него Го чекавме; да се возрадуваме и развеселиме за спасението од Него!
И макар што ги размавна среде него рацете Свои, како што ги размавнува оној што плива, но Бог ќе ја понизи гордоста негова заедно со лукавството на рацете негови.