БИБЛИЈА (Свето Писмо) MKB 1999
|
| 1 |
| Тешко им на оние кои слегуваат во Египет за помош и се надеваат на коњите, па се надеваат на многу коли и на мноштво коњаници, не гледајќи со надеж во Израелевиот Светец, и не барајќи совет од Господа. |
| 2 |
| Но и Тој е мудар, и ќе донесе зло, и не ќе ги одрече Своите закани; Тој ќе стане против злосторничкиот дом и против беззаконичката помош. |
| 3 |
| Египетецот е човек, а не Бог; неговите коњи се тело, а не дух; кога Господ ќе замавне со раката, ќе се сопне помагачот, и ќе падне оној кому му помага - сите заедно ќе пропаднат. |
| 4 |
| Да, вака ми рече Господ: „Како што лавот или лавчето ‘ржи и чкрта со забите над пленот, па и кога ќе стрчаат кон него мноштво пастири, тој не се исплашува од нивната викотница, ниту се грижи за нивната врева - така Господ над Воинствата ќе слезе да војува за гората Сион, за нејзината височина. |
| 5 |
| Како птиците што мавтаат со крилјата, Господ над Воинствата ќе го закрилува Ерусалим, ќе го засолнува, ќе го избави, ќе го поштеди и ќе го спаси. |
| 6 |
| Вратете се при Оној од Кого отпаднавте толку длабоко, синови Израелеви. |
| 7 |
| Да, во оној ден, секој ќе ги презре своите сребрени и златни ликови што со своите раце ги направија за свој грев. |
| 8 |
| „Асирецот не ќе падне од човечки меч; меч ќе го проголта, но не човечки. Ќе бега од меч, и неговите момчиња ќе плаќаат данок. |
| 9 |
| Исплашен, ќе го остави својот рид, заплашени, кнезовите ќе бегаат од своето знаме” - слово е на Господа, чиј оган е на Сион и чија печка е во Ерусалим. |
| Зачувајте белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonianmkb1999/isaiah/031.mp3
66
31