Свето Писмо (Гаврилова) 1990
|
| 1 |
| Штом го чу тоа царот Езекија, ја раскина својата облека и се покри со вреќиште, па отиде во домот Господов; |
| 2 |
| ги повика началникот на дворецот Елијакима, и писарот Севна, и старешините на свештениците, покриени со вреќишта при пророкот Исаија, син Амосов. |
| 3 |
| И тие му рекоа: »Вака вели Езекија: овој ден е ден на жалоста, казна и срам, зашто новороденчињата дојдеа до отворот на мајчината утроба, но сила нема за раѓање. |
| 4 |
| Можеби, Господ, твојот Бог, ќе ги чуе зборовите на Рапсака, кого асирскиот цар, негов господар, го прати да Го навредува живиот Бог и да се подбива со зборовите, кои ги чу Господ, твојот Бог; за тоа принеси молитва за другите, што се уште живи.« |
| 5 |
| И отидоа слугите на царот Езекија при Исаија. |
| 6 |
| И им рече Исаија: »Вака кажете му на вашиот господар: вака вели Господ: не плаши со од зборовите што ги чу, со кои Ме навредуваат слугите на асирскиот цар. |
| 7 |
| Ете, Јас ќе испратам во него дух, и тој ќе чуе вест и ќе се врати во земјата своја, и Јас ќе го поразам со меч во неговата земја.« |
| 8 |
| Тогаш Рапсак се врати и најде дека асирскиот цар војува против Ливна; зашто беше чул, оти господарот негов се повлекол од Лахис. |
| 9 |
| И тој чу за Тирхака, царот етиопски; нему му беа рекли: ете, тој излезе да војува со тебе. Кога го чу тоа, тој испрати гласници, при Езекија, велејќи: |
| 10 |
| »Вака кажете му на Езекија, царот Јудејски: нека не те мами твојот Бог, на Кого се надеваш, велејќи: Ерусалим нема да биде предаден во рацете на царот асирски. |
| 11 |
| Ете, ти си чул што направија асирските цареви со сите земји, ставајќи врз нив клетва; та ти ли ќе се избавиш? |
| 12 |
| Боговите на народите, кои татковците мои ги разорија, ги спасија ли, го спасија ли Гозан и Харан, Рецеф и синовите не Еден, што се во Таласар? |
| 13 |
| Каде е царот ематски, и царот арпадски, и царот на градот Сефарваим, Ена и Ива?« |
| 14 |
| И го зеде Езекија писмото од рацете на пратениците и го прочита, па отиде Езекија во домот Господов и го отвори пред лицето Господово; |
| 15 |
| се помоли Езекија пред лицето на Господ и рече: |
| 16 |
| »Господе Саваоте, Боже Израилев, Кој седиш на херувими! Ти единствен си Бог на сите земни царства: Ти си ги создал небото и земјата. |
| 17 |
| Приклони го, Господи, увото Свое и чуј; отвори ги, Господи, очите Свои и погледај, чуј ги зборовите на Сенахерима, кој испрати да хулат на Тебе, живиот Бог. |
| 18 |
| Навистина, Господи, асирските цареви ги опустошија сите краишта и земјите нивни. |
| 19 |
| Тие ги изнафрлаа во оган боговите ниви; но тоа не беа богови, туку изработки од човечки раце, дрво и камен, затоа и ги уништија. |
| 20 |
| И сега, Господи, Боже наш, спаси нѐ од раката негова: тогаш ќе дознаат сите земни царства, дека Ти, Господи, си единствен Бог.« |
| 21 |
| И испрати Исаија, синот Амосов, до Езекија да кажат: вака вели Господ, Бог Израилев: »За она што ти Ми се молеше против Сенахерима, царот асирски, – |
| 22 |
| еве го словото што Господ го изрече за него: ќе те презре, ќе ти се потсмее девицата, ќерката Сионова, ќе ја заниша главата по тебе ќерката ерусалимска. |
| 23 |
| Кога ти прекоруваше и навредуваше? Против кого го подигна гласот и ги крена толку високо очите свои? Против Светецот Израилев. |
| 24 |
| Преку слугите свои ти го прекоруваше Господа, велејќи: ‚Со множеството мои коли се искачив на врвот од планините, врз ребрата на Ливан, ги исеков високите негови кедри, убавите негови кипариси, и стигнав до самиот врв негов, и до горичката негова; |
| 25 |
| и ископав и пиев вода; и со стапките на нозете свои ќе ги исушам сите реки египетски.‘ |
| 26 |
| Зар не си чул, дека Јас одамна го направив тоа, во стари дни го преднацртав, а сега го исполнив со тоа, дека ти го опустошуваш силните градови, претворајќи ги во купишта урнатини? |
| 27 |
| Жителите нивни изнемоштеа; треперат и остануваат во срам; станале како трева по полето и нежно тревно растение, како тревки по покривите и препламнато жито пред да биде искласано. |
| 28 |
| Ќе седнеш ли, ќе излезеш ли, или ќе влезеш – Јас знам сѐ, ја знам и дрскоста твоја против Мене. |
| 29 |
| За твојата дрскост против Мене и за тоа, дека твојата надуеност дојде до ушите Мои, ќе ја ставам алката Своја во ноздрите твои и уздата Своја – во устата твоја; ќе те вратам назад по истиот пат, по кој си дошол. |
| 30 |
| И, ете, ти, Езекија, доказ: јадете го оваа година израснатото од паднатото зрно, а во другата година – самоизраснатото; на третата, пак, година сејте и жнејте, садете лозја и јадете ги плодовите нивни. |
| 31 |
| Зашто преживеаните во домот Јудин, тие што ќе останат, пак ќе пуштат корен долу и ќе дадат плод горе, |
| 32 |
| оти од Ерусалим ќе произлезе остатокот, и од градот Сион – спасението. Тоа ќе го изврши ревноста на Господа Саваот.« |
| 33 |
| Поради тоа вака вели Господ за асирскиот цар: »нема да влезе тој во овој град, ниту ќе фрли таму стрела, и нема да се доближи до него со штит, ниту ќе ископа опкоп околу него; |
| 34 |
| по кој пат дошол, по истиот и ќе се врати, но во тој град нема да влезе, вели Господ. |
| 35 |
| Јас ќе го бранам овој град, за да го спасам поради Себе и заради Мојот слуга Давида.« |
| 36 |
| Тогаш излезе ангел Господов и погуби во асирскиот логор сто и осумдесет и пет илјади души. Утредента станаа, и, ете, насекаде имаше само мртви тела. |
| 37 |
| И отстапи Сенахирим, царот асирски, та си отиде, се врати и живееше во Ниневија. |
| 38 |
| И кога се клањаше во домот на својот бог Нимрох, синовите негови Адрамелех и Сарасар го убија со меч, а самите избегаа во Араратската земја. И место него стана цар синот негов Асардан. |
|
| Зачувајте Белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonian1990/isaiah/037.mp3
66
37