БИБЛИЈА (Свето Писмо) MKB 1999
|
| 1 |
| „Еве Го Мојот Слуга Кого Го поткрепувам, Мојот Избраник, мил на Мојата душа. Го излеав Својот Дух на Него, за да им донесува право на народите. |
| 2 |
| Тој не вика, Тој не го крева гласот, ниту може да се чуе по улиците. |
| 3 |
| Тој не ја крши напукнатата трска ниту ја гасне светилката што тлее. Верно Тој донесува правда, |
| 4 |
| не постанува и не се истоштува, додека не воспостави правда на земјата. Островите копнеат по Неговата наука.” |
| 5 |
| Вака зборува Господ, Бог, Кој ги создаде и ги оптегна небесата, Кој ја распростре земјата и нејзините растенија, Кој им дава здив на народите на неа, и здив на суштествата што одат по неа. |
| 6 |
| „Јас, Господ, те повикав во правда, те зедов цврсто за рака; те вообличив и те поставив за Завет на народот и за светлина на племињата, |
| 7 |
| за да им ги отвориш очите на слепите, за да ги извадиш затворениците од темницата, од темнината оние што живеат во мрак. |
| 8 |
| Јас, Господ Ми е Име, не му ја давам Мојата Слава на друг, ниту Својата чест на киповите. |
| 9 |
| Што прореков порано, ете, се збидна, и нови настани Јас навестувам, и пред да се покажат, ви ги јавувам вам.” |
| 10 |
| Пејте Му на Господа нова песна и Негова фалба од крајот на земјата, нека Го слави морето со сè што е во него, островите и нивните жители! |
| 11 |
| Нека кренат глас пустината и нејзините градови, нека извикаат населбите каде што живеат Кидарците! Нека подвикнуваат жителите на Стената, нека воскликнуваат од горските врвови! |
| 12 |
| Нека Му даваат слава на Господа и нека му ја возвестуваат фалбата по островите! |
| 13 |
| Господ излегува како Јунак, како војник ја поттикнува својата жар. Со борбен извик и со воена викотница оди јуначки на Својот непријател. |
| 14 |
| „Молчев долго, бев тивок, се воздржував; сега викам како жена кога раѓа, збивам и воздивнувам. |
| 15 |
| Ќе ги запустам планините и бреговите, ќе го исушам сето зелено во нив, реките ќе ги претворам во степи и ќе ги исушам езерата. |
| 16 |
| Ќе ги водам слепците по патиштата, ќе ги упатам по патеките. Пред нив ќе ја обрнам темнината во светлина, а нерамната почва во рамна. Тоа ќе го направам и нема да ги оставам. |
| 17 |
| Ќе се вратат назад во голем срам оние што се надеваат на идоли, кои им зборуваат на леаните ликови: ‘Вие сте наши богови.’ |
| 18 |
| Чујте, глуви! Прогледајте, слепи, да видите! |
| 19 |
| Кој е слеп ако не Мојот слуга, кој е глув како гласникот што го испраќам? Кој е слеп како пријателот, кој е глув како Господовиот слуга? |
| 20 |
| Многу виде, но не се грижеше, ушите ти беа отворени, но не чу!” |
| 21 |
| На Господа Му се свиде заради Неговата праведност да го возвеличи и прослави Законот. |
| 22 |
| А овој народ е опљачкан и ограбен, неговите млади ставени се во клади, фрлени во темници. Ги пленуваат, а никој нема да ги избави; ги заробуваат, а никој нема да рече: „Врати ги!” |
| 23 |
| Кој од вас се грижи за тоа? Кој пази и слуша однапред? |
| 24 |
| Кој му го предаде Јакова на ограбувачот и Израел на присвојувачот? Не е ли Господ, против Кого грешевме, по чии патишта не сакавме да одиме, чиј Закон не сакавме да го слушаме? |
| 25 |
| Затоа ги излеа врз Израел Својот жарок гнев и воените стравотии: пламен го опкружи отсекаде, но тој не го сфати тоа; го изгоре, но тој и тоа не го зеде на срце. |
|
| Зачувајте Белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonianmkb1999/isaiah/042.mp3
66
42