Вака вели Господ: »Каде е разводното писмо за вашата мајка, со која ја отпуштив? Или на кого од моите зајмодавачи ве продадов? Ете, вие сте продадени заради гревовите свои, и заради вашите престапи мајката ваша е отпуштена.
Зошто кога дојдов, немаше никого? И кога повикав, никој не се одѕва? Зар раката Моја се скратила, та не може да избавува или во Мене нема сила да спасувам? Ете, со заплашувањето Свое море пресушувам, претворам реки во пустиња; рибите во нив гнијат поради недостиг на вода и умираат од жед.
Господ Бог ми даде вешт јазик, за да можам со зборови да го поткрепувам изнемоштениот: секое утро Он го разбудува името Мое, за да слушам како оние што се учат.
Кој од вас се плаши од Господа, го слуша гласот на Неговиот Син? Кој оди во мрак, без светлина, да се надева на името Господово и да се потпира врз својот Бог.
Ете, сите вие што палите оган, кои сте вооружени со запалени стрели – одите во пламенот на вашиот оган и на стрелите, што сте ги вжештиле! Тоа ќе ви биде од Мојата рака: во маки ќе умрете.«