Свето Писмо (Гаврилова) 1990
|
| 1 |
| Послушајте Ме вие, што копнеете за правда, вие кои Го барате Господа! Погледајте ја карпата, од која сте исечени, и по длабочината на трапот, од кој сте извлечени. |
| 2 |
| Погледајте го Авраама, вашиот татко, и на Сара, која ве родила; зашто Јас го повикав него единствениот, го благословив и го умножив. |
| 3 |
| Така, Господ ќе го утеши Сион, ќе ги утеши сите негови урнатини и ќе ги направи пуситњите негови како рај и степите негови – како градина Господова; радост и веселба ќе има во него, славословие и пеење на песни. |
| 4 |
| Послушајте Ме, народе Мој и племе Мое, приклонете го увото кон Мене! Зашто од Мене ќе излезе закон и Мојот суд ќе го поставам за светлина на народите. |
| 5 |
| Мојата правда брзо ќе стигне; Моето спасение изгрева и Мојата мишка ќе ги суди народите; островите ќе се надеваат на Мене и ќе се надеваат на мишката Моја. |
| 6 |
| Кренете ги очите кон небото и погледајте на земјата долу: зашто небото ќе изчезне како дим, и земјата ќе изветви како облека, а жителите нејзини исто така ќе изумрат; а Јас ќе спасувам вечно, правдата Моја нема да престане. |
| 7 |
| Послушајте Ме, вие, кои ја познавате правдата, народе, Кој во срцето свое го имаш Мојот закон! Не плашете се од прекорување на луѓето, ниту стравувајте од злословието нивно. |
| 8 |
| Зашто молец ќе ги изеде како облека и црв ќе ги изеде како волна; а Мојата правда ќе преуспее засекогаш, и Моето спасение – од род во род. |
| 9 |
| Крени се, крени, облечи се во сила, мишко Господова! Дигни се, како во древни дни, во дамнешните родови! Зар не го уништи ти Рава, зар не го порази змејот? |
| 10 |
| Не го исуши ли морето, водите и големата бездна, не ги претвори ли морските длабочини во пат, за да поминат искупените? |
| 11 |
| Ќе се вратат избавените од Господа, и ќе дојдат на Сион со пеење, и вечна радост ќе има над главата нивна; тие ќе најдат радост и веселба; скрбта и воздишките ќе изчезнат. |
| 12 |
| Јас, Јас Самиот сум ваш Утешител. Кој си ти, та се плашиш од човек, кој умира, и од човечки син, кој е исто она што е и тревата? |
| 13 |
| Го забораваш Господа, својот Творец, кој го прострел небото и ја основал земајта; и непрестајно, секој ден се плашиш од јароста на угнетувачот, како да е готов тој да истреби? Но каде е сега јароста на угнетувачот? |
| 14 |
| Скоро ќе биде ослободен заробениот, и нема да умре во јамата, ниту ќе има потреба од леб. |
| 15 |
| Јас сум Господ твој, Кој го бранува морето, та брановите негови викаат: Господ Саваот е името Негово. |
| 16 |
| И Јас ќе ги вложам Моите слова во устата твоја, и со сенката на раката Своја ќе те покријам, за да го устројам небото и да ја утврдам земјата и да му кажам на Сион: »Ти си Мој народ.« |
| 17 |
| Разбуди се, разбуди се, стани, Ерусалиме, ти, кој од раката на Господа ја испи чашата на јароста Негова, до дното си ја испил и исушил чашата што опива. |
| 18 |
| Меѓу сите синови, од него родени, нема кој да го води, и меѓу сите синови, од него одгледани, нема кој за рака да го придржи. |
| 19 |
| Тебе те снајдоа две неволји, кој ќе те пожали? – Опустошување и истребување, глад и меч: кој ќе те утеши. |
| 20 |
| Синовите твои изнемоштеа, лежат по аглите на сите улици, како срна во стапица, исполнети со гнев Господов, со заплашување од твојот Бог. |
| 21 |
| И така, ислушај го ова ти, кој си страдалник и пијан, но не од вино. |
| 22 |
| Вака вели Господ твој, Господ и Бог твој, Кој одмаздува за Својот народ: »Ете, јас земам од раката твоја чаша што опива, од чашата на Мојата јарост ти веќе нема да пиеш. |
| 23 |
| Ќе ја дадам во раката на твоите мачители, кои ти велеа: ‚Падни ничкум, за да минам по тебе‘; и ти го правеше грбот свој како земја и како улица за минувачите.« |
|
| Зачувајте Белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonian1990/isaiah/051.mp3
66
51