Разбуди се, Разбуди се! Облечи се со сила, Сионе; облечи се во најсјајни алишта, Ерусалиме, свети граде, зашто веќе не ќе се искачуваат кон тебе необрезаните и нечистите.
Но сега, зошто Сум Јас тука - слово е Господово - кога Мојот народ беше поробен без причина, а неговите господари ликуваат - слово е Господово - и непрекратно секојдневно се хули Моето име.
Колку се прекрасни по планините нозете на гласоносецот на радоста кој разгласува мир, носи среќа и проповеда спасение, говорејќи му на Сион: „Твојот Бог царува!”
И така Тој ќе восхити многу народи и царевите ќе стиснат уста пред Него, гледајќи го она за кое што никој не им зборувал, сфаќајќи го она за што никогаш не чуле: