Развесели се, ти неплодна, што не раѓаш; воскликни и извикај ти, кој не си почувствувала родилни маки; зашто напуштената има многу повеќе деца од онаа, кој има маж, вели Господ.
Не плаши се, зашто нема да бидеш посрамена; не се возбудувај, оти нема да биде исмеана: ќе го заборавиш посрамувањето на младоста своја и нема повеќе да си помниш за бесчесноста на вдовството твое.
Оти тоа за Мене е како потоп на Ное: како што се заколнав, дека потоп нема повеќе да дојде на земјата, така се заколнав дека нема да ти се лутам, ниту да те прекорувам.
Планини ќе се поместат, и ридови ќе се разнишаат, но Мојата милост нема да отстапи од тебе и заветот на Мојот мир нема да се разниша, вели Господ, Кој те милува.
Ти ќе се утврдиш со правда, ќе бидеш далеку од насилствата, бидејќи ќе нема од што да се плашиш, далеку ќе биде од тебе и ужасот, зашто тој нема да се приближи до тебе.
Ниедно оружје, направено против тебе, нема да има успех; и секој јазик, кој би се подигнал против тебе на суд, – ти ќе го обвиниш. Тоа е наследство на слугите Господови, нивно оправдание од Мене, вели Господ.