Свето Писмо (Гаврилова) 1990
|
| 1 |
| О, да беше ги раскинал Ти небесата и да беше слегол! Горите би се стопиле од лицето Твое, |
| 2 |
| како оган што растопува восок, како од оган што вода зовира, така ќе го познаат името Твое напријателите и од Твоето лице ќе затреперат народите. |
| 3 |
| Кога вршеше страшни дела, од нас неочекувани, и слегуваше, – гори се топеа од Твоето лице. |
| 4 |
| Зашто од секогаш не бевме слушале, не бевме внимавале со увото, и никое око не беше видело друг бог, освен Тебе, којшто направил толку многу за оние, кои на Него се надеваат. |
| 5 |
| Ти милостиво го пресретнуваше секого, кој се радуваше и кој вршеше правда, кој Те спомнуваше на Твоите патишта. Но, ете, Ти се разгневи, зашто ние одамна грешевме; па како тогаш ќе бидеме спасени? |
| 6 |
| Сите ние станавме како нечист човек, и секоја наша правда – како извалкана облека; сите попаѓавме како лист; а беззаконијата наши како ветар нѐ однесуваат. |
| 7 |
| Нема никој кој би го повикувал Твоето име, кој би установил да се држат здраво за Тебе: затоа Ти го сокри лицето Свое од нас и нѐ остави да гинеме од беззаконијата свои. |
| 8 |
| Но сега, Господи, Ти си наш Отец; ние сме глина, а Ти – наш грнчар, сите сме дело на Твоите раце. |
| 9 |
| Немој да се гневиш безмерно, Господи, и немој вечно да го помниш беззаконието. Но, погледај: сите сме Твој народ. |
| 10 |
| Градовите на Твојата светиња станаа пустелија; пустиња стана Сион; Ерусалим е опустошен. |
| 11 |
| Домот на нашата светиња и на нашата слава, каде што татковците наши Те прославуваа, од оган изгоре, а сите наши добра така пропаднаа. |
| 12 |
| По сево ова, ќе се воздржуваш ли уште, Господи, ќе молчиш ли и ќе нѐ казнуваш ли без мерка? |
| Зачувајте белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonian1990/isaiah/064.mp3
66
64