БИБЛИЈА (Свето Писмо) MKB 1999
|
| 1 |
| О, да ги раскинеш небесата и да слезеш, за да им го јавиш Своето Име на непријателите: ридовите би се треселе пред Твоето лице, народите би трепереле пред Тебе, |
| 2 |
| како кога огнот ќе ги запали сувите гранки и прави да зоврие водата! |
| 3 |
| Правејќи стравотии, нечекани дела, слегуваше, и брдата се тресеа пред Тебе! |
| 4 |
| Не се чу одвека, ниедно уво не чу, ниедно око не виде, да им направи некој бог, освен Тебе, такво нешто на оние кои се надеваат во Него. |
| 5 |
| Им помагаш на оние кои радосно ја вршат правдата и си спомнуваат за Тебе на Твоите патишта; Те разгневивме, згрешивме, се одметнавме од Тебе. |
| 6 |
| Така сите станавме нечисти, а сета наша правда како извалкани облеки. Сите ние отпаднавме како лисја и нашите беззаконија нè однесуваат како ветер. |
| 7 |
| Нема никој да го повика Твоето Име, да се разбуди и да се потпре на Тебе. Зашто го скри Своето лице од нас и нè предаде во рацете на нашите злостори. |
| 8 |
| Па сепак, наш Татко си, о Господи: ние сме глина, а Ти си нашиот Грнчар - сите ние сме дело на Твоите раце. |
| 9 |
| Не гневи се, Господи, многу жестоко, не спомнувај си непрекратно за нашата кривица. Де погледај - па сите ние сме Твој народ! |
| 10 |
| Запустија Твоите свети градови, Сион стана пустина, и Ерусалим запустеност. |
| 11 |
| Домот, нашата светина и нашата слава, во кој Те славеа нашите татковци, изгоре во оган, и сите скапоцености ни се ограбени. |
| 12 |
| Зар на сè тоа ќе се воздржуваш, Господи, зар ќе молчиш и ќе нè натажуваш премногу? |
| Зачувајте белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonianmkb1999/isaiah/064.mp3
66
64