а и во деновите на Јоакима, синот на јудејскиот цар Јосија, до крајот на единаесеттата година од царувањето на Седекија, син на јудејскиот цар Јосија, додека не беше преселен во Ерусалим во петтиот месец.
Зашто, ете, Јас ќе ги свикам сите племиња на северните царства – вели Господ – и тие ќе дојдат, и секој ќе го постави престолот свој при влезот на ерусалимските порти, околу сите ѕидишта негови и во сите јудејски градови.
И ќе го изречам судот Свој врз нив за сите нивни беззаконија, зашто што Ме оставија и кадеа темјан на други богови и им се поклонуваа на идоли, дела од нивните раце.
И ете, Јас те поставив денес како утврден град, како железен столб и како бакарен ѕид против сите цареви јудини и кнезовите на целата таа земја, против свештениците негови и против народот на таа земја.