Слични се на птичините страшила во градината: не знаат да зборуваат. Треба да бидат носени, зашто не умеат да одат. Не бојте се од нив, зашто не можат да прават зло, но не можат да прават ни добро.”
Кој да не се бои од Тебе, Цару на народите? Навистина, Тебе Ти припаѓа, зашто меѓу сите мудреци на народите и во сите нивни царства Ти нема рамен! Со што палат оган, тоа ги залудува! Законот им е суетен - обично дрво.
Сребро исковано во листови увезено од Тарсис, злато од Уфаз, работа на копаничарот и ракотворба на златарот, сè уметнички дела, наметнати со љубичесто и со црвено сукно.
Кога ќе Му заечи гласот, водите на небесата шумат, ги крева облаците од крајот на земјата; му создава молња на дождот, го изведува ветерот од неговите засолништа.
Излеј гнев врз народите кои не Те признаваат, и на племињата кои не го повикуваат Твоето Име! Зашто тие го голтнаа Јакова, го изедоа, го запустија неговото живеалиште.