Големците ги праќаат слугите свои по вода; тие одат при изворите и не наоѓаат вода; се враќааат со празни садови; посрамени и смутени, тие ги покриваат главите свои.
Зошто си како уморен човек, како јунак што нема сила да спасува? А и покрај сето тоа, Господи, Ти си меѓу нас и името Твое се призива од нас. Не оставај нѐ!
Така зборува Господ кон овој народ. Бидејќи сакаат да скитаат, не ги запираа нозете свои, Господ не благоволи кон нив, се сети сега за беззаконијата нивни и ги казнува гревовите нивни.
И ми рече Господ: пророците пророкуваат лага во Мое име, Јас не сум ги пратил и не сум им дал заповеди, ниту сум им зборувал; тие ви проповедуваат лажни виденија и баења, суета и измислици од своето срце.
Затоа вака вели Господ за пророците: тие пророкуваат во Мое име, но Јас не сум ги ипраќал; тие зборуваат: »меч и глад нема да има во таа земја« – со меч и глад ќе бидат истребени тие пророци.
И народот, кому му пророкуваат, од глад и од меч ќе биде кутнат по улиците ерусалимски, и не ќе има кој да ги погребе – нив и жените нивни, синовите нивни и ќерките нивни; и Јас ќе ја излеам врз нив нивната лошотија.
Па кажи им ги овие зборови: нека се лијат солзи од очите мои дење и ноќе и нека не престануваат, оти со голем пораз, со тежок удар е поразена девојката, ќерката на мојот народ.
Излегувам по полето, а таму – убиени со меч; влегувам во градот, и ете многумина умираат од глад: дури и пророк и свештеник отидоа несвесно по земја што не ја знаеја.
Зар наполно ти го отфрли Јуда? Зар душата Твоја го замрази Сион? Зошто така нѐ поразуваш, за да не можеме да се излечиме? Чекаме мир – а нема ништо добро; чекаме време за спасување – а еве, ужаси.
Име ли меѓу незнабожечките суетни богови такви, што можат да дадат дожд, или, пак, може ли небото самото од себе да лие голем дожд? Зар не си Ти тоа, Господи Боже наш? На Тебе се надеваме, оти Ти го создаваш сето тоа.