Слово упатено до Еремија за сиот јудејски народ, во четвртата година на Јоаким, син на јудејскиот цар Јосиј - тоа е во првата година на Навуходоносор, вавилонскиот цар.
„Од тринаесеттата година на Јосиј, синот Амонов, јудејскиот цар, сè до денешниот ден, на оваа дваесет и трета година, ми доаѓаше Господовото слово, и јас ви зборував еднакво, ама не ме слушавте.
И ви зборуваа: ‘Вратете се секој од својот лош пат и од своите зли дела, и останете во земјата што Господ ви ја даде вам и на вашите татковци за сите времиња;
и не одете по туѓите богови, за да им служите и за да им се поклонувате; и не Ме разгневувајте со делата на своите раце, па нема ништо да ви сторам за жал.’
еве, Јас ќе ги испратам и ќе ги кренам сите народи од север - говори Господ - и Својот слуга Навуходоносор, вавилонскиот цар, и ќе ги доведам против оваа земја и против нејзините жители, и против сите околни народи; ќе ги истребам наполно и ќе ги направам за ужас и потсмев, вечна запустеност.
И ќе ги задушам меѓу нив: секој глас на радост и веселба, воскликнувањето на младоженецот и невестата, и тропотот на мелницата и светлината на светилката.
Но кога ќе се наполнат седумдесетте години, ќе ги казнам вавилонскиот цар и оној народ - зборува Господ - за нивното беззаконие, и Халдејската Земја ќе ја претворам во вечни урнатини.
„И речи им: ‘Вака зборува Господ над Воинствата, Израелевиот Бог: „Пијте! Испијанете се! Блувајте! Паднете за да не се дигнете веќе од мечот што ќе го пуштам меѓу вас.”‘
Зашто, еве, Јас почнав да го казнувам градот што се вика со Моето Име. А зар вие да поминете без казна? Не, не ќе останете неказнети, зашто Самиот ќе го повикам мечот да удри на сите жители на земјата” - говори Господ над Војските.’
„И така, ти им ги пророкувај сите овие зборови и речи им: ‘Господ ќе викне силно од висината, грми со гласот на Своето свето живеалиште, вика со сиот глас против Своето пасиште, подвикнува како оние што газат грозје. До сите жители на земјата
достига воен вик - до крајот на светот - зашто Господ се парничи со народите, излегува на суд со секое тело, безбожниците ќе им ги предаде на меч - вели Господ.”
Во оној ден ќе бидат истепани од Господа од едниот крај на светот до другиот. По нив никој не ќе тажи, ниту некој ќе ги собере и погребе; ќе останат како гној по земјата.