Во истата година, во почетокот на царувањето на Седекија, јудејскиот цар, во четвртата година, во петтиот месец, Ананиј, синот Азоров, пророк роден од Гаваон, ми рече во Господовиот Дом пред сите свештеници и пред сиот народ:
А исто и Јехониј, синот Јоакимов, јудејскиот цар, и сите јудејски заточеници, што стигнаа во Вавилон, исто така ќе ги вратам на ова место - говори Господ - зашто ќе го скршам јаремот на вавилонскиот цар.’”
Пророкот Еремија рече: „Амин! Господ да направи така! Господ да ги исполни зборовите што ги пророкуваше, и да ги врати таму сите садови од Господовиот Дом и сите заточеници од Вавилон.
И Ананиј рече пред сиот народ: „Господ зборува вака: ‘Еве, вака - за две години - ќе го скршам јаремот на Навуходоносор, вавилонскиот цар, од вратот на сите народи!’” Тогаш пророкот Еремија отиде по својот пат.
Зашто вака зборува Господ над Воинствата, Израелевиот Бог: „Ќе ставам железен јарем околу вратот на сите оние народи, за да му ги покорам на Навуходоносор, вавилонскиот цар, и ќе му служат, зашто Јас му ги потчинив нему дури и полските ѕверови!”‘“