Оние, што дојдоа да се борат против Халдејците, за да ги исполнат домовите со трупови на луѓе, кои Јас во Својот гнев и во јароста Своја ќе ги поразам и поради чие беззаконие Јас го сокрив лицето од тој град.
ќе ги исчистам од секое нивно беззаконие, со кое згрешија пред Мене, и ќе им ги простам сите нивни гревови, со кои се огрешија пред Мене и остастапија од Мене.
И Ерусалим ќе биде за Мене радосно име, похвала и чест, пред сите земни народи, што ќе чујат за сите добра, какви што ќе им давам и ќе се уплашат и ќе затреперат од сите добра и од секаков благослов, што ќе им го дадам.
Така вели Господ: на ова место за кое вие велите – »тоа е пусто, без луѓе и без добиток«, во јудејските градови и во ерусалимските улици, кои се пусти, без луѓе, без жители, без добиток,
пак ќе се слуша глас од радост и глас од веселба, глас на младоженец и глас на невеста, глас на оние што велат: »славете Го Господа Саваота, зашто е благ Господ, зашто е милоста Негова вечна«, и глас на оние што принесуваат благодарствена жртва во домот Господен; бидејќи Јас ќе ги вратам заробените од оваа земја во нивната поранешна состојба, вели Господ.
Така вели Господ Саваот: во ова место, кое е пусто – без луѓе, без добиток, и во сите негови градови пак ќе има живеалишта на пастири, што ќе ги доведуваат стадата свои на одмор.
Во планинските градови, во градовите по полето и во јужните градови, во земјата на Венијамина, во ерусалимските предградија и во градовите Јудини пак ќе врват стада под раката на оној што ќе ги пребројува, вели Господ.
и кај левитските принесувачи на жртви нема да снема пред лицето Мое човек, кој преку сите дни да не вознесува сепаленица, да изгорува приноси и да принесува жртви.
вака вели Господ: ако можете да го разрушите заветот Мој со денот и заветот Мој со ноќта, така што денот и ноќта да не се сменуваат во определеното време,
тоа тогаш ќе можете да го разрушите и заветот Мој со Мојот слуга Давида, така што да нема при него син, што ќе царува на неговиот престол, а исто така и со левитите – свештеници, служители Мои.
зар не гледаш, дека овој народ вели – »двете племиња, кои Господ ги избра, Он ги отфрли«, и со тоа тие го презираат Мојот народ како веќе да не е народ Мој пред очите нивни?
тоа тогаш и племето на Јакова и на Мојот слуга Давида, ќе го отфрлев, за да не земаат веќе од неговото племе владетели, за племето на Авраама, и Исака, и Јакова, бидејќи ќе ги вратам нивните заробени и ќе ги помилувам.