Царот Седекија го испрати Јехухала, синот Селемиев, и свештеникот Софониј, син Масеев, при пророкот Јеремија да кажат: »помоли се заради нас на нашиот Господ Бог.«
вака вели Господ, Бог Израилев – кажете му на јудејскиот цар, кој ве испрати до мене да ме прашате: еве, војската на Фараонот, што ви дојде на помош, ќе се врати во земјата своја, во Египет;
дури и да бевте ја разбиле сета војска на Халдејците, кои војуваат против вас, и да останеа при вас само ранетите, тоа тогаш и тие би станале, секој од шаторот свој и би го изгореле овој град со оган.
А кога беше пред портата Венијаминова, тамошниот управител на стражата, по име Јерај, син Селемиев, син Ананиев, го задржа пророкот Јеремиј и рече: »Ти сакаш да побегнеш при Халдејците, зар не?«
Царот Седекија испрати по него и го доведоа. И го праша царот во својот дом тајно, велејќи: »Нема ли слово од Господа?« Јеремија одговори: »Има«, и додаде: »ќе бидеш предаден во рацете на вавилонскиот цар.«
Тогаш царот Седекиј заповеда да го затворат Јеремија во стражарницата, и таму му даваа по едно парче леб на ден од улицата не лебарите, сѐ додека не се заврши сиот леб во градот. И така остана Јеремиј во стражарницата.