и му рекоа на пророкот Јеремија: »Еве ја молбата наша пред тебе, помоли Му се на твојот Господ Бог за сиот овој остаток, зашто од многумина останавме малку, како што нѐ гледаат твоите очи,
И им рече пророкот Јеремија: »Ве чув, ќе Му се молам на вашиот Господ Бог, по молбата ваша, и сѐ, што ќе ви одговори Господ, ќе ви го кажам, ни збор нема да сокријам од вас.«
добро ли, лошо ли ќе биде тоа, ние ќе го послушаме гласот на нашиот Господ Бог, при Кого те праќаме, за да ни биде добро, ако бидеме послушни на гласот од Господа, нашиот Бог.«
Не бојте се од вавилонскиот цар, од кого се плашите, не бојте се од него, вели Господ, бидејќи и Јас сум со вас, за да ве спасувам и да ве избавувам од неговата рака.
тогаш чујте го сега словото Господово, вие, остатокот од Јуда: вака вели Господ Саваот, Бог Израилев: »ако го свртите лицето свое, за да отидете во Египет, и отидете таму, за да се населите,
тогаш мечот, од кој се плашевте, ќе ве постигне таму, во земјата Египетска, и гладот, од кого се боевте, секогаше ќе ве следи во Египет, и таму ќе умрете.
И сите, што ќе го свртат лицето свое да отидат во Египет и таму да живеат, ќе умрат од меч, од глад и од помор, и ниеден од нив нема да остане и нема да побегне од бедата што ќе ја пратам врз нив.
Оти, така вели Господ Саваот, Бог Израилев: како што се излеа гневот Мој и јароста Моја врз жителите ерусалимски, така ќе се излее јароста Моја врз вас, кога ќе влезете во Египет, и ќе станете за проклетство и за ужас, за поруга и за укор, и нема повеќе да го видите ова место.
Оти вие згрешивте против самите себеси – вие ме пративте пред Господа, нашиот Бог, и ми рековте: помоли се за нас на Господа, нашиот Бог, а сѐ што ќе каже Господ, нашиот Бог, кажи ни, и ние ќе извршиме.