вака вели Господ Саваот, Бог Израилев: вие ја видовте сета беда, што ја испратив врз Ерусалим и врз сите градови јудејски; ете, тие се сега запустени и никој не живее во нив,
поради нивната злоба, што згрешија, откако Ме разгневуваа, одејќи да кадат и да служат на други богови, што не ги познаваа ни тие, ни вие, ниту татковците ваши.
И Мојата јарост и Мојот гнев се излеа и се разгори врз градовите на Јудеја и по ерусалимските улици; тие станаа урнатини и пустелија, како што гледате сега.
А сега, вака вели Господ, Бог Саваот, Бог Израилев: зошто го вршите тоа големо зло на душите свои, истребувајќи ги помеѓу себе мажите и жените, возрасните, децата и младинците во Јудеја, за да не оставите остаток, па,
бидејќи Ме разгневувате со делата на рацете свои, со кадењето пред други богови во земјата Египетска, каде што дојдовте да живеете, та да се погубите самите себе и да станете за проклетство и укор кај сите народи по земјата?
Зар го заборавивте нечестието на вашите татковци и нечестието на јудејските цареви, вашето сопствено нечестие и нечестието на вашите жени, што го вршеа во земјата Јудејска и по ерусалимските улици?
и ќе го земам остатокот Јудин што реши да замине во земјата Египетска и да живее таму, и ќе бидат истребени сите; ќе паднат во земјата Египетска и со меч и со глад ќе бидат истребени; мало и големо ќе умрат од меч и од глад, и ќе бидат изложени на проклетство и ужас, за поруга и укор.
и никој нема да избега и нема да се спаси од остатокот на Јудејците, кои дојдоа во земјата Египетска, за да живеат таму и потоа да се вратат во земјата Јудејска, каде што од сѐ срце сакаа да се вратат, за да живеат таму; никој нема да се врати освен оние, што ќе побегнат оттаму.«
И сите мажи, кои знаеја дека жените нивни им кадат на други богови, и сите жени, што стоеја таму во големо множество, и сиот народ кој живееше во земјата Египетска, во Патрос, му одговорија на Јеремија и му рекоа:
туку ќе правиме сѐ што е излезено од устите наши: ќе ѝ кадиме на богињата на небото и ќе ѝ правиме преливи, како што го правевме тоа, ние и татковците наши, царевите наши и кнезовите наши, по градовите на Јудеја и по улиците ерусалимски, бидејќи тогаш бевме сите во добра состојба и беди не видовме;
И кога ѝ кадиме на богињата на небото и ѝ принесуваме преливи, зар без знаење на нашите мажи ѝ правевме лепчиња со нејзиниот лик или принесувавме преливи?«
»Зар Господ не си спомна за кадењето, што го извршувавте во јудејските градови, по улиците ерусалимски, вие и татковците ваши, царевите ваши, кнезовите ваши и народот од земјата, и зар не влезе тоа во срцето Негово?
Господ не може веќе да ги поднесува вашите лоши дела и одвратности, што ги правевте; затоа и земјата ваша стана пустиња, ужас и проклестство, без жители, како што гледате сега.
Затоа што кадевте и Му грешевте на Господа, не го слушавте гласот на Господа и не одевте според законот Негов, по наредбите Негови и по заповедите Негови, па затоа и ве постигна ова зло, како што гледате сега.«
вака вели Господ Саваот, Бог Израилев: сѐ што зборувавте со устата, тоа и со раце го правевте вие и жените ваши; вие велите: ‚да ги исполнуваме нашите завети, што ги ветивме, да ѝ кадиме на богињата на небото и да ѝ принесуваме преливи.‘ Навистина, вашите завети, ги одржавте и ги извршивте точно вашите ветувања.
Затоа сега чујте го словото Господово, вие, сите Јудејци, што живеете во земјата Египетска: еве, Јас се заколнав во Своето велико име, вели Господ, дека во сета Египетска земја нема повеќе да се изговара името Мое од устата на кој и да било Јудеец, за да рече: ‚жив да е Господ Бог!‘
Еве, Јас ќе бдеам над вас за погибел, а не за добро, и сите Јудејци во земјата Египетска ќе загинат од меч и од глад, сѐ додека не бидат наполно истребени.
Само малкумина оттргнати од мечот ќе се вратат од земјата Египетска во Јудејската, а сите други Јудејци, што отидоа во земјата Египетска, за да поживеат таму, ќе узнаат дека зборот ќе се изврши: Мојот или нивниот.
Така вели Господ: еве, Јас ќе го предадам египетскиот цар, фараонот Вафрија, во рацете на непријателите негови и во рацете на оние, што ја бараат душата негова, онака како што го предадов јудејскиот цар Седекија во рацете на вавилонскиот цар Навуходоносора, непријателот негов, кој ја бараше душата негова.«