За Моав вака вели Господ Саваот, Бог Израилев: тешко на Невон, бидејќи ќе биде опустошен; Киријатим ќе се осрамоти, и ќе се предаде; Мизгав ќе се посрами и ќе се вџаши.
Ќе ја снема повеќе слава на Моав; во Есевон ќе преземаат зло против него: да отидеме за да го сотреме меѓу народите. И ти, Мадмено, ќе опустееш; меч ќе те гони.
Бидејќи ти се надеваше на делата свои и на ризниците свои, затоа ќе бидеш фатен, и Хамос ќе појде во ропство заедно со свештениците и со кнезовите свои.
Од младоста своја Моав беше спокоен, и се гордееше на својата слава, и не се преточуваше од сад во сад и во ропство не беше отишол; затоа во него си остануваше вкусот негов, и мирисот негов не се менуваше.
Но, еве, идат дни, вели Господ, кога ќе пратам врз него преливачи, што ќе го преливаат и ќе ги испразнат садовите негови и ќе ги скршат стомните негови.
Слези од височината на величието твое и седни во жедната земја, ќерко, жителко на Дивон, бидејќи опустошителот на Моав ќе дојде при тебе и ќе ги разруши тврдините твои.
Ќе плачам за тебе, лозо севамска, како што плачев за Јазера; твоите лозинки се префрлуваат преку морето, стигаат до езерото Јазерско; сотирачот ги нападна твоите летни производи и зрелото грозје.
Радоста и веселбата се одзеде од Кармил и од земјата Моавска. Јас ќе направа виното во бурињата да заврши; никој веќе нема да гази во каците со песни; боен повик ќе име, а не радосен миг.
Затоа срцето Мое ќе пишти за Моав како свирка, за жителите во Кир – Харес, срцето ќе им биде како свирка, бидејќи сите добра од нивните богатства пропаднаа;
Кој ќе избега од ужасот, ќе падне во јама; а кој ќе излезе од јамата, ќе падне во стапица; бидејќи ќе ја испратам врз него, врз Моав годината на нивната казна, вели Господ.
Под сенката на Есевон застанаа оние што бегаа од сила; но оган излезе од Есевон, и пламен среде Сихон, па ќе го изгори крајот на Моав и темето на вознемирените синови.