„Поминете по ерусалимските улици, погледајте добро и распрашајте се, барајте по неговите раскрсници, па ако најдете и еден човек кој прави правда и ја бара вистината, ќе му простам на овој град - говори Господ.
Господи, нели се Твоите очи насочени кон вистината? Ги биеш, ама нив не ги боли; ги истребуваш, но тие ја одбиваат Твојата поука. Челото им е поцврсто од стрмна карпа, одбиваат да се обратат.
И така, ќе отидам кај големците и ќе им зборувам ним, зашто тие го познаваат Господовиот пат и својот вистински Бог.” Но тие сложно го скршија јаремот, и ги искинаа сите врски.
И затоа ги напаѓа горскиот лав, пустинскиот волк ги раскинува, леопардите ги дебнат нивните градови, секој кој ќе излезе од нив, ќе биде раскинат. Зашто нивните гревови се многубројни, многуструки се нивните отпаѓања.
„Зошто да ти простам? Твоите синови Ме напуштија, се заколнуваат во лажни богови. Јас ги наситив, тие направија прељуба, се нафрлија во куќата на блудницата.
Затоа вака зборува Господ, Бог над Воинствата: „Затоа што зборуваа така, Моите зборови во твојата уста, во оган ќе ги претворам а овој народ во дрво, за да го голтне огнот.
Еве, ќе доведам против вас народ оддалеку, Израелев дому - говори Господ. Народ непобедлив, народ древен, народ чиј јазик не ќе го знаеш, ниту ќе разбереш што зборува.
Тој ќе ги изеде: твојата жетва, твојот леб, твоите синови и ќерки, твоите овци и говеда, грозјето и смоквите твои, ќе ти ги разори тврдите градови во кои се надеваш сега.
А кога ќе прашуваат: ‘Зошто Господ, нашиот Бог, ни го стори ова?’ ти ќе им одговориш: ‘Зашто Ме оставивте Мене, за да им служите на туѓи богови во својата земја, ќе му служите на туѓинец, во земјата што не е ваша!’
Зар не ќе се боите од Мене - говори Господ - зар не ќе треперите пред Мене? Кој му ја ставив песокта на морето за граница, за вечна меѓа што никогаш нема да ја помине: тоа се накрева, но е немоќно, брановите му бучат, но нема да поминат.
Не рекоа во своето срце: „Да се боиме од Господа, нашиот Бог, Кој што ни праќа во прав час ран дожд и доцен дожд, и Кој ни ги чува седмиците одредени за жетва.”
дебели и згоени. Ја пречекорија секоја мерка на злото, не ги бранат судските дела; делата на сирачињата, и пак им е добро, и не му пресудуваат на справедливото дело на бедните.