»Соопштете и разгласете меѓу народите, подигнете знаме, објавете, не кријте ги, зборувајте: Вавилон падна, Вил е посрамен, Меродах е скршен, боговите негови се посрамени, идолите негови се скршени.
Зашто од север се подигна врз него народ, кој ќе ја направи земјата негова пустиња, и никој нема да живее таму, и човек, и добиток, сѐ ќе се крене и ќе се разотидат.
Во оние денови и во она време, вели Господ, ќе дојдат синовите Израилеви, тие и синовите Јудини, заедно, ќе одат, ќе плачат и ќе Го побараат својот Господ Бог;
Сите, што ги наоѓаа, ги изедуваа, и непријателите им велеа: не сме виновни, оти тие згрешиле пред Господа, пред живеалиштето на правдата, и пред Господа, надежта на татковците нивни.
Зашто, еве, Јас ќе подигнам и ќе доведам врз Вавилон збир голем од народи од северната земја, и ќе застанат против него, и тој ќе биде преземен: стрелите негови, бидејќи е искусен војник, напразно нема да се враќаат.
Од гневот Господен таа ќе стане ненаселена и целата ќе запусти; и секој, што ќе мине низ Вавилон, ќе се вчудовиди и ќе си потсвирне, гледајќи ги сите рани негови.
Повикајте против него од сите страни; тој ја протегна раката; паднаа тврдините негови, испопаѓаа ѕидовите негови, зашто тоа е Господовата отплата; одмаздувајте му се; како што постапуваше тој, така постапувајте и вие со него.
Истребете во Вавилон и сеач, и оној, што работи со срп во жетва; од страв пред опасниот меч секој нека се врати при својот народ и секој нека бега во земјата своја.
Во оние дни и во она време, вели Господ, Јас ќе ја побарам неправдата Израилева, и нема да ја има, и гревовите на Јуда и нема да се најдат; бидејќи ќе им простам на оние, што ќе останат живи.
Се слуша глас од оние што бегаат и од оние што се спасуваат од Вавилонската земја, за да му го соопштат на Сион одмаздувањето Господово, на нашиот Бог, одмаздувањето за Неговото живеалиште.
Повикајте ги против Вавилон сите стрелци, кои запнуваат лак, сместете се околу него, за да не се избави никој од него, платете му според делата негови; како што постапуваше тој, така постапувајте и вие со него, бидејќи тој се крена против Господа, против Светецот Израилев.
Но Искупителот нивни е силен, Господ Саваот е името Негово; Он ќе го разгледа делото нивно, за да ја смири земјата и да ги дотера во страв вавилонските жители.
меч против коњите негови, против колите негови и против сите разни племенски народи меѓу него, и тие ќе бидат како жени; меч против ризниците негови, и нив ќе ги разграбаат;
Како што ги сосипа Бог Содом и Гомор, и нивните соседни градови, вели Господ, така и тука нема да живее ниту еден човек, и човечки син нема да се запира таму.
во рацете свои држат лак и копје; тие се жестоки и немилосрдни; гласот нивни бучи како море; јаваат на коњи, наредени се како еден човек, за да се удрат со тебе ќерко вавилонска!
Ете, излегува тој, како лав од височините Јордански кон утврдените живеалишта; но Јас ќе го принудам да излезе бргу од него; и кој е избран, нему ќе му го доверам, зашто кој е подобен на Мене и кој ќе побара одговор од Мене, и кој пастир ќе устои против Мене?
Па така, чујте го решението на Господа, што го определи Он против Вавилон, и Неговата замисла, што ја има за Халдејската земја; навистина, нив најмалите од стадата, ќе ги повлечат; навистина, Он ќе ги опустоши живеалиштата нивни зедно со нив.