БИБЛИЈА (Свето Писмо) MKB 1999
|
| 1 |
| Слово што Господ го рече против Вавилон, против Халдејската Земја; преку пророкот Еремија: |
| 2 |
| „Објавете им на народите! Разгласете, не кријте, речете: ‘Вавилон е заземен! Вал е засрамен: Меродах е скршен! Засрамени се неговите кипови, здробени се неговите ликови.’ |
| 3 |
| Зашто од север се дига против него народ што ќе му ја претвори земјата во пустина; никој веќе не ќе живее во неа, и луѓето и стоката ќе избегаат и ќе си отидат. |
| 4 |
| Во тие денови и во тоа време - говори Господ - ќе се вратат Израелевите синови, и Јудините синови заедно ќе одат плачејќи и барајќи Го Бога, својот Бог. |
| 5 |
| Ќе прашаат за патот кон Сион, натаму ќе го насочуваат погледот: ‘Дојдете, да се соединиме со Господа со вечен Завет незаборавлив!’ |
| 6 |
| Мојот народ беше како изгубени овци, пастирите ги заведоа, та заскитаа по ридовите: одеа од горите на ритчињата, заборавија каде им се кошарите. |
| 7 |
| Кој ги наоѓа, ги голтнува, нивните непријатели зборуваа: ‘Ние не сме виновни, зашто Му згрешија на Господа, на пасиштето на правдата, на Господа, на надежта на своите татковци!’ |
| 8 |
| Бегајте од Вавилон! Излезете од Халдејската Земја! Бидете како овни пред стадото. |
| 9 |
| Зашто, еве, ќе дигнам и ќе доведам против Вавилон мноштво големи народи; од Северната Земја ќе се наредат против него - оттаму ќе биде освоен. Стрелите им се како кај искусен јунак, празни не се враќаат. |
| 10 |
| Халдеја ќе биде ограбена, ќе ја пљачкаат неа до наситка - говори Господ. |
| 11 |
| Да! Радувајте се само и воскликнувајте, вие ограбувачи на Моето наследство! Потскокнувајте како јунче на пасење! ‘Ржете како ждребиња! |
| 12 |
| Вашата мајка се засрами многу, се усрами вашата родителка. Еве, последна е меѓу народите: пустина, сува и непроодна. |
| 13 |
| Заради Господовиот гнев ќе биде без население, сета ќе запустее. Секој што ќе помине покрај Вавилон, ќе се згрози и ќе свири со уста над неговите рани. |
| 14 |
| Наредете се против Вавилон, опколете го. Стрелци, стрелајте во него, не ги жалите стрелите - зашто Му згрешивте на Господа. |
| 15 |
| Од сите страни нека екнат бојни извикувања. Тој се предава! Столбовите му паѓаат, ѕидовите му се разурнуваат: Тоа е Господовата одмазда! Одмаздете му се на Вавилон, постапувајте со него, како што постапувал тој! |
| 16 |
| Истребете му ги на Вавилон и сејачот и жетварот што замавнува со српот во жетварските денови! Пред насилничкиот меч секој нека се врати при својот народ, нека бега во својата земја. |
| 17 |
| Израел беше разбркано стадо, лавовите го распрснаа, Асирискиот цар го голтна прав, а потоа, Навуходоносор, вавилонскиот цар, му ги скрши коските.” |
| 18 |
| Затоа Господ над Воинствата, Израелевиот Бог, зборува вака: „Еве, ќе ги казнам вавилонскиот цар и неговата земја, како што го казнив асирискиот цар. |
| 19 |
| И ќе го вратам Израел на неговото пасиште да пасе по Кармил, по Васан, по Ефремовите Ридови и по Галад, за да се насити. |
| 20 |
| Во оние денови, во она време - говори Господ - ќе го бараат Израелевиот грев, ама веќе не ќе го има; ќе ги бараат јудејските злодела, но не ќе ги најдат. Зашто им простив на сите што ги запазив.” |
| 21 |
| „Против Мератаимската Земја! Тргни против неа и против жителите на Фекод, сотри ги до основи, уништи сè зад нив - говори Господ, изврши сè како што ти заповедав! |
| 22 |
| Воена викотница се слуша во земјата, страшен пораз. |
| 23 |
| О, како е скршен, здробен, млатот на целата земја! Како Вавилон им стана страшило на народите! |
| 24 |
| Ти ставив стапица, Вавилону, ти се фати и не виде. Затекнат си и фатен, зашто завојува против Господа! |
| 25 |
| Господ ја отвори својата оружница, го извлече оружјето на Својот гнев, зашто има работа за Господа над Војските во Халдејската Земја. |
| 26 |
| Удрете врз неа од сите страни, отворете ги нејзините житници, слагајте ја како снопје, затрете го Вавилон со уништување, за да не остане ништо од него. |
| 27 |
| Заколете ги сите негови јунци, нека слезат во кланицата! Тешко ним, дојде нивниот ден, времето на нивната казна! |
| 28 |
| Чуј го гласот на оние што избегаа, што пребегаа од Вавилонската Земја за да јават на Сион за одмаздата на Господа, нашиот Бог, одмаздата за Неговиот Храм! |
| 29 |
| Повикајте ги против Вавилон стрелците, сите што оптегнуваат лакови, опкружете го од сите страни: никој да не избега! Платете му според заслугата, направете му како што правеше, зашто се гордееше против Господа, Израелевиот Светец. |
| 30 |
| Затоа сите младци ќе му испаѓаат по улиците и ќе му изгинат сите војници во оној ден - говори Господ. |
| 31 |
| Еве Ме против тебе, Горделивецу! - говори Господ над Воинствата - дојде твојот ден, времето на походот против тебе. |
| 32 |
| Горделивиот ќе се стресе, ќе падне, и никој не ќе го дигне. Ќе им потпалам оган на неговите градови и ќе голтнат сè наоколу.” |
| 33 |
| Господ над Војските зборува вака: „Угнетувани се Израелевите синови, заедно со Јудините синови. Оние што ги заробија, ги држат цврсто и нема да ги пуштат. |
| 34 |
| Но моќен е нивниот Искупител, Име Му е Господ над Воинствата. Тој ќе ја одбрани нивната парница - ќе и донесе мир на земјата и ќе ги смути жителите на Вавилон. |
| 35 |
| Меч против Халдејците - говори Господ против жителите на Вавилон, против кнезовите и неговите мудреци! |
| 36 |
| Меч против неговите брбливци, нека полудат! Меч против неговите воини, нека се исплашат! |
| 37 |
| Меч против неговите коњи и бојни коли и против сиот куп луѓе среде него: нека станат како жени! Меч против нивните ризници: нека ги ограбат! |
| 38 |
| Меч против нивните води, нека пресушат! Зашто тоа е земја на идоли, ги залудија киповите, нивните страшила. |
| 39 |
| Затоа таму ќе се настанат рисовите со хиените, и ноеви ќе живеат таму. Местото ќе остане без население довека, никој не ќе живее таму од колено до колено. |
| 40 |
| Ќе го разурнат како што Бог ги разори Содом и Гомор и нивните соседи - говори Господ. Човек не ќе живее таму, човечкиот син не ќе престојува во него. |
| 41 |
| Еве доаѓа народ од Север, голем народ, и многу цареви, и се подигаат од краиштата на земјата. |
| 42 |
| Во рацете им се лак и копје, жестоки се, немилостиви. Вревата им шуми како море, јаваат на коњи, како еден готови за бој против тебе, вавилонска ќерко. |
| 43 |
| Вавилонскиот цар чу вест за нив: и рацете му ослабнаа, го опфати мака, го фатија болки како родилка. |
| 44 |
| Ете, како лав тој излегува од јорданските шумки на вечно зелени пасишта. Ама Јас ќе го истерам за миг и ќе го сместам таму својот избраник. Зашто, кој Ми е Мене рамен? И кој ќе Ме повика Мене на сметка? И кој пастир ќе Ми одолее?” |
| 45 |
| Затоа, чујте што науми Господ да му направи на Вавилон, чујте што смислил против Халдејската Земја: Тој ќе ги одвлече и најситните јагниња; и самото нивно пасиште ќе се згрози над нив. |
| 46 |
| На гласот дека Вавилон падна земјата ќе се стресе: ќе се слуша пискот меѓу народите. |
|
| Зачувајте Белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonianmkb1999/jeremiah/050.mp3
52
50