Бегајте, деца Венијаминови, од Ерусалим, трубете со труба во Текоја и јавете преку оган во Вет – Акерем, зашто откај север се појавува зло и голема погибел.
Кому да му говорам и кого да го убедувам, за да чујат? Ете, нивното уво е необрезано, и тие не можат да слушаат; ете, словото Господово кај нив е за потсмев; тоа им е непријатно.
Поради тоа јас сум преполнет со Господова јарост, не можам да ја држам во себеси; ќе ја излеам врз децата по улиците и врз собрани младинци, ќе бидат земени маж со жена, старец со млад.
Се срамуваат ли тие, кога вршат гадотии? Не, никако не се срамуваат и не црвенеат. Затоа ќе паднат меѓу паднатите, и во време на Мојата посета ќе бидат соборени, вели Господ.
Вака вели Господ: – застанете на вашите патишта, разгледајте и распитајте за дамнешните патишта, каде е добриот пат, врвете по него, и ќе најдете спокојство на душите свои. Но тие рекоа: нема да врвиме.
Затоа вака вели Господ: ете, поставувам пред овој народ пречки, и ќе се сопнат од нив таткото и децата заедно, соседот и неговиот пријател, и ќе загинат.
во рацете држат лак и копје; тие се жестоки и немилостиви, гласот нивни им бучи како море, и летаа на коњи, наредени како еден човек, за да удрат протв тебе, ќерко Сионова.