Свето Писмо (Гаврилова) 1990
|
| 1 |
| Спомни си, Господи, што нѐ снајде; милостиво погледај и види ја поругата наша! |
| 2 |
| Наследството наше мина на туѓинци, куќите наши – на луѓе од други племиња; |
| 3 |
| останавме сираци, без татко; мајките наши се како вдовици. |
| 4 |
| водата своја ја пиеме за сребро, дрвата наши ги купуваме со пари. |
| 5 |
| На вратот имаме јарем, и нѐ гонат; исцрпени сме и не ни даваат да здивнеме. |
| 6 |
| Протегаме рака кон Египтјаните, кој Асирците, за да се нахраниме со леб. |
| 7 |
| Татковците наши грешеа: нив ги нема веќе, а ние трпиме казна за нивното беззаконие. |
| 8 |
| Робовите ни се господари, а нема кој да нѐ избави од рацете нивни. |
| 9 |
| Лебот го добиваме со страв – пред мечот во пустињата. |
| 10 |
| Кожата ни поцрнела како печка од лут глад. |
| 11 |
| Жените ни ги бесчестат на Сион, девојките – во градовите јудејски. |
| 12 |
| Кнезовите ги изобесија со свои раце, лицата на старците не ги почитуваа. |
| 13 |
| Младичите носеа рачници, а децата паѓаа под товари дрва. |
| 14 |
| Старците веќе не седат пред портите; младичите не пеат. |
| 15 |
| Се сврши радоста на срцето наше; нашите ора се претворија во тага. |
| 16 |
| Падна венецот од нашата глава; тешко нам, што згрешивме! |
| 17 |
| Поради тоа и чезнее срцето наше; поради тоа и потемнеа очите наши. |
| 18 |
| Бидејќи запусте гората Сион, лисици одат по неа. |
| 19 |
| Ти, Господи, остануваш вечно; престолот Твој е од род во род. |
| 20 |
| Зошто наполно нѐ забораваш, нѐ оставаш долго време? |
| 21 |
| Обрни нѐ кон Себе, Господи, и ние ќе се обрнеме; обнови ги деновите наши како во старо време. |
| 22 |
| Зар наполно си нѐ отфрлил, зар без мерка си се разгневил на нас? |
| Зачувајте белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonian1990/lamentations/005.mp3
5
5