Во триесеттата година, четвртиот месец, петтиот ден од месецот, кога бев меѓу преселените при реката Ховар, се отворија небесата – и јас видов Божји виденија.
Четирите животни имаа свои лица и крилја, крилјата нивни се допираа едно до друго, а кога одеа, тие не се свртуваа, туку врвеа секое во правец на лицето свое.
Обликот на лицето нивно им беше како лице човечкио и лице лавовско од десната страна кај сите четири; а, пак, од левата страна – лице телешко при сите четири, и лице орловско кај сите четири животни.
Тркалата и обликот нивни изгледаше нешто слично на топаз, и сите четири си личеа едно на друго; и по изгледот и по обликот тие беа како тркало во тркало.
Каде што духот сакаше да оди, натаму одеа и тие; накаде што духот ќе тргнеше, и тркалата се подигнуваа подеднакво со нив, бидејќи духот на животните беше во тркалата.
Кога одеа животните, одеа и тркалата; и кога стоеја животните, стоеја и тркалата; и кога оние се подигаа од земјата, се подигаа еднакво и тркалата, зашто духот на животните беше во тркалата.
А кога летаа, слушав шум од крилјата нивни, нешто како шум од многу води, како глас од Сесилниот Бог, силен шум; а кога одеа – како шум од воен логор, кога, пак, застануваа, ги спуштаа крилјата свои.
И видов потоа нешто како светнато злато и сребро, а внатре во него наоколу оган – од бедрата угоре; а од бедрата удолу – видов слично на оган, околу кого имаше светлина.