И му зборуваше Он на човекот, облечен во ленена облека, па рече: »Влези меѓу тркалата под херувимите, земи полна рака рагорени јаглени од местото меѓу херувимите и расфрли ги врз градот.« И тој влезе пред очите мои.
И кога Он му даде заповед на човекот, облечен во ленена облека, му рече: »Земи оган од местото меѓу тркалата, меѓу херувимите«, и кога тој влезе и застана меѓу тркалата –
тогаш среде херувимите застана еден херувим, ја протегна раката своја кон огнот, што беше меѓу херувимите, и зеде, па му даде една рака на облечениот во бела лененна облека. Тој зеде и излезе.
И секое животно имаше по четири лица: првото лице – лице херувимско, вторто лице – лице човечко, третото лице – лице лавовско и четвртото – лице орловско.
Кога одеа херувимите, се вртеа до нив и тркалата; кога се подигаа крилјата нивни, за да се подигнат од земјата, тркалата не се одделуваа, туку беа при нив.
И херувимите ги подигнаа крилјата свои и се подигнаа пред очите мои од земјата. Кога тргнаа, и тркалата беа до нив; па застанаа при влезот на источната врата од домот Господен, и славата на Бога Израилев беше над нив одозгора.
Лицата им личеа како на оние лица, што ги видов при реката Ховар – од ист вид, тие истите. Секој одеше право во оној правец, што беше пред лицето негово.